УЕФА ЕУРО 2020

Пех за Холандија: Ван Дајк сам се повлече од ЕУРО

Претстојното Европско првенство ќе биде посиромашно за еден од најдобрите дефанзивци на денешницата откако самиот Ван Дајк одлучи дека е подобро да не ризикува поради повредата.

Холандија ќе биде ослабена на ЕУРО без својот капитен и столб во одбраната, Вирхил ван Дајк. Најдобриот играч на Европа за сезоната 2018/19 и второпласиран на Златна топка за 2019 одлучи да не ризикува со повредата на коленото поради која не игра уште од октомври.

„Рехабилитацијата се одвива добро, досега немам никакво назадување или било што, само глатко напредувам. Се наоѓам во период кога треба да донесам одлука: дали да одам на ЕУРО или не?“, вели Холанѓанецот во изјава за клупската веб-страница на Ливерпул.

Тој се повреди при еден судир во голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, за време на градското дерби на 17 октомври лани при што мораше да го напушти теренот по само 10 минути игра. Испитувањата покажаа дека повредата е сериозна и станува збор за пукнатина на предниот вкрстен лигамент на коленото.

Моментот кога Пикфорд го повреди Ван Дајк

„Со оглд на тоа што сѐ оди како што треба, физички чувствувам дека правилна е одлуката да не одам на ЕУРО, туку да се посветам на последната фаза од рехабилитацијата за преме на предсезоната. Така да фокусот ќе ми биде на предсезоната со мојот клуб и тоа е реална цел“.

Холандија на ЕУРО е во групата Ц заеднос Македонија, Австрија и Украина.

„Нормално, разочаран сум што нема да играм на ЕУРО, што нема да ја предводам мојата земја таму, но работите се такви какви пто се и морам да го прифатам тоа - сите мораме да го прифатиме. Верувам дека одлуката да не одам е правилна. Тешко е, но се помирив“, заврши Ван Дајк.

Ван Дајк е репрезенттаивец на Холандија од 2015 година и досега одигра 38 натпревари и 4 постигнати голови. Бидејќи Холандија не играше ниту на ЕУРО 2016 ниту на Мундијалот во 2018, Ван Дајк сѐ уште нема настап на големо натпреварување и според последниот развој на настаните ќе мора да почека и да се надева дека Холандија ќе се квалификува за Мундијалот во 2022.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе