КОНМЕБОЛ КОПА ЛИБЕРТАДОРЕС 2024

Пехарот за Либертадорес го донесе никој друг туку Новак Ѓоковиќ

Ѓоковиќ ги изненади сите пред спектаклот на „Монументал“ носејќи го огромниот трофеј и беше поздравен со громогласен аплауз.

На култниот стадион „Монументал“ во Аргентина синоќа се одигра големото финале на Копа Либертадорес во кое Ботафогу го победи Атлечико Минејру, а навивачите на трибините имаа пријатно изненадување пред почетокот на натпреварот.

На стадионот се појави најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, кој секако одлично беше пречекан, а посебна чест му оддаде организаторот на мечот.

Ѓоковиќ на теренот го донесе престижниот трофеј на ова елитно јужноамериканско фудбалско натпреварување, за кое се бореа фудбалерите на споменатите два бразилски клуба.

Ѓоковиќ го донесе огромниот трофеј, а навивачите од преполните трибини на домот на Ривер Плејт го поздравија со овации.

Секако, Ѓоковиќ не е случајно во Буенос Аирес, бидејќи таму отпатува директно од Катар, а во главниот град на Аргентина ќе одигра ревијален натпревар на збогувањето на Хуан Мартин Дел Потро.

Кога е веќе таму, еден од најголемите спортисти во светот реши вистински да го збогати фудбалскиот спектакл.

реклама

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Read more

Фудбал

Марсело замина во пензија

Read more

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Read more

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Read more

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Read more
 

Спорт

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсело замина во пензија

Читај повеќе

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Читај повеќе

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Читај повеќе

Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Читај повеќе

Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Читај повеќе
  • play_arrow

Одличната партија на Јокиќ во сенка на неговиот најголем МВП конкурент

Читај повеќе

Премиерлигашките судии од следната сезона на микрофон ќе ги објаснуваат ВАР одлуките

Читај повеќе