Свет

Пеколен пожар беснее крај Сиднеј

5. декември 2019 - 17:45 | Филип Здравески

Жесток пожар беснее близу Сиднеј кој австралиските пожарникари мака мачат да го стават под контрола.

Неколку куќи се уништени, а тројца пожарникари се здобиле со повреди пробувајќи да го стават под контрола големиот пожар кој од синоќа брзо се рашири во сојузната држава Нов Јужен Велс.

Веќе изгореле 232 илјади хектари шума на планината Госперс, а голема штета е причинета во националните паркови Волеми, Јенго и Даруг.

Коментирај