Летово се очекуваат многу високи температури, па затоа е важно да знаете како правилно да го користите клима уредот, без разлика дали веќе имате или размислувате да купите нов.
Во Европа владее историски топлотен бран, а кај нас температурите се движат над 35 Целзиусови степени. Разладувањето на просториите во кои престојуваме е од голема важност не само за удобноста, туку и за нашето здравје. Вклучувањето на клима уредот за време на летото секако носи големо олеснување. Се поставува прашањето, како воздухот што циркулира во просторијата може да влијае на здравјето на луѓето?
Разбирливо е дека климатизацијата може да влијае на здравјето на луѓето, особено ако системот за климатизација не се следи и одржува редовно. Клима уредот може да биде добар за вашето здравје бидејќи го олеснува времето што го поминувате во затворен простор, а со тоа и спиењето, особено во текот на летото. Истражувањето објавено во магазинот Energy & Buildings покажало дека има мали знаци на будност при вклучување на клима уредот во текот на ноќта, но дека тоа не влијае негативно на квалитетот на сон.
Треба да се знае дека животот и работата на високи температури не се добри за вашиот мозок. Студија на Харвард објавена во PLOS Medicine покажа дека за време на жешките летни денови, студентите кои живееле во студентски домови без клима имаат полоши резултати на когнитивните тестови од оние кои живееле во соби со климатизација.
Ако редовно проверувате дали филтрите се во добра состојба, вашите бели дробови ќе ви се заблагодарат, а исто така и срцето. Американската академија за алергија, астма и имунологија препорачува чистење на филтерот или замена на секои две недели, а не подолго од еден месец, особено ако сте склони кон алергии.
Клима уредите стануваат мултифункционални уреди без кои не можеме да го замислиме домот во текот на целата година. Токму затоа, дизајнот на уредот станува поважен од кога било. Новиот H+ Design на VIVAX, кој е добитник на наградата RED DOT за дизајн, покрај во класична бела, доаѓа во текстилен дизајн во 2 бои – златна и сребрена – за да се вклопи во сечиј модерен простор. Климатизер кој нема да сакате да го сокриете, туку ќе се вклопи во вашиот ентериер и нема да мора да трошите дополнителни средства за декорации со кои ќе го одвлекувате вниманието од него.
Предностите на нов климатизер се пред сè намалената потрошувачка на електрична енергија. Се проценува дека инсталирањето на нова единица може да ја подобри ефикасноста на ладењето за 40 проценти со многу помалку потребна енергија. Односно, новиот клима уред максимално ја користи влезната енергија за ладење или загревање на воздухот. Подобрената оперативна ефикасност има директно влијание врз вашите сметки за електрична енергија, така што многу брзо ќе си ги вратите парите.
Новите климатизери не само што ја носат посакуваната температура, туку се одговорни и за квалитетот на воздухот во просторијата.
Клима уредите VIVAX обезбедуваат најдобра (функционална) вредност за парите на пазарот, вклучително и климатизерите H+ Design.