Пеле: Тешко ми е да ја оправдам глумата на Нејмар

Ѕвездата на ПСЖ често е критикувана поради глумата која ја прикажува на теренот, посебно за време на овогодинешното Светско првенство, кога тоа на моменти преминуваше во фарса. Неговиот сонародник Пеле вели дека не го поддржува неговото однесување иако признава дека се работи за специјален талент.

Нејмар е секогаш на мета на критики поради симулирање прекршоци, а критиките одат дотаму што некои луѓе велат дека глумата е неговиот најголем квалитет.

Бразилската репрезентација беше поразена од Белгија во четвртфиналето од Светското првенство и Нејмар остана разочаран бидејќи многумина ја сметаа бразилската репрезентација како фаворит за освојување на Мундијалот. Најголемиот фудбалер на Бразил на сите времиња, Пеле, вели дека не може да го одбрани неговиот помлад сонародник од критиките.

„Тешко е да го одбранам Нејмар за неговата глума и сите оние работи кои ги прави освен што игра фудбал. Секогаш се обидувам да го потсетам за неговите квалитети и истото му го кажав на нашата последна средба. Му реков дека Бог му го дал фудбалскиот дар и треба да го негува наместо да си ја комплицира ситуацијата“, изјави Пеле.

Споредбите помеѓу Нејмар и Мбапе веќе почнаа да се случуваат, иако Французинот е седум години помлад од бразилскиот соиграч. Пеле вели дека Нејмар и понатаму е поквалитетен играч од Мбапе, но разбира зошто светските медиуми зборуваат за францускиот тинејџер.

„Мбапе го споредуваат со мене и со Нејмар а јас можам да ги видам сличностите. Сметам дека Нејмар е покомплетен играч од Мбапе, но гледам зошто светските медиуми зборуваат за Французинот“, додаде Пеле.

Тимот на ПСЖ силно чекори кон нова титула во француската Лига 1 иако викендов ги испушти првите поени во домашното првенство. Бордо успеа да одигра 2:2 против ПСЖ а Нејмар се најде на листата на стрелците.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе