Пендаровски: Ги знам и лажните и реалните анкети и најреално кажувам дека ние сме победници на 8 мај

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа беше меѓу граѓаните на Општина Центар од кои побара поддршка на изборите во првиот и во вториот круг за државата да продолжи по вистинскиот пат.

Одговарајќи на прашање од публиката, Пендаровски истакна дека се согласува со неговата противканидатката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, дека таа можела да направи сѐ што тој не направил.

„Може ќе ве изненади одговорот, јас се согласувам со неа. Јас никогаш не сум го кочел патот на Македонија кон Европа, таа ќе го кочи. Јас никогаш не сум ги нарушил меѓуетничките односи и мирот во државата, таа ќе го направи тоа. Јас никогаш не сум ветил дека ќе амнестирам насилници од 27 април, таа ќе го направи тоа“, порача Пендаровски.

Осврнувајќи се на анкетите, Пендаровски пред присутните порача дека тој ги знае сите анкети, и оние лажните и реалните, и дека според сѐ, тој ќе биде победникот на 8 мај.

„Јас ги знам сите анкети. И знам кои се лажни, тоа се најчесто оние што ги продуцира најголемата опозициона партија, и ги знам оние кои се реални. И најреално ви кажувам дека ние сме победници на 8 мај“, истакна Пендаровски.

Remote video URL

Кандидатот за претседател додаде и дека тој бил првиот кој понудил дебата со сите седум учесници, но што се однесува до дебата на јавниот сервис, Пендаровски изрази резерва поради неодмнешната афера со истражувањата на јавното мислење.

„За дебатата на МРТВ веќе имам резерва. Значи, ако е точна оваа афера што излезе пред неколку дена дека има наводно документи кои докажуваат дека од штабот на најголемата опозициона партија организирале Центар за продукција на лажни вести и политичка пропаганда контра нас и дека главен, надлежен за таа пропаганда и лажни вести е актуелниот директор на МРТВ, јас мислам да почекаат додека надлежните органи не ја расчистат таа афера. Можеби не е точна таа афера, можеби се тие фалсификат, ама прво нека ја расчистат па потоа нека викаат на дебати“, посочи Пендаровски повикувајќи ги присутните на 24 април да го дадат својот глас за бројот 1.

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Како кората од портокал може да го забрза растот и цветањето на цвеќињата?

Read more

Русија среде ОН ѝ се закани на Литванија: Членството во НАТО нема да ве спаси

Read more

Македонија

Филипче: Го повикувам Мицкоски заедно да ги донесеме уставните измени

Read more

Ќе нема вода во дел од Дебар Маало

Read more

Променливо облачно со сончеви периоди и засилен ветер од север

Read more

Без струја денеска делови од Ѓорче Петров и Петровец

Read more
 

Вести

Филипче: Го повикувам Мицкоски заедно да ги донесеме уставните измени

Читај повеќе

Мерц предлага: Западен Балкан како набљудувач во ЕУ, Украина како придружна членка без право на глас

Читај повеќе

Албанските студенти најавија протест во Тирана за поддршка на студентите од Македонија

Читај повеќе

Силен земјотрес го погоди подрачјето на Неапол: Затворени училиштата

Читај повеќе

Трамп: САД ја ослободуваат Куба, нема да има ескалација

Читај повеќе

Дрвјата ублажуваат речиси половина од урбаното затоплување, но не таму каде што е најпотребно

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија среде ОН ѝ се закани на Литванија: Членството во НАТО нема да ве спаси

Читај повеќе

Украина уништи руски центар за беспилотни летала во Донецк

Читај повеќе

Ќе нема вода во дел од Дебар Маало

Читај повеќе