Пендаровски: Не заговарам ревизија на судскиот процес, туку граѓанско помирување

„Мојот став е дека ако има нови докази, кои порано не биле познати, може да го преотвори процесот, не значи дека заговарам преотворање на процесот“, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.

-Јас само ја цитирам одредбата од Законот и законската можност, според која тие луѓе преку своите адвокати, по вонреден правен лек, можат да побараат од Врховниот суд да ги оцени новите докази, се разбира, ако такви воопшто постојат. И одлуката дали процесот ќе биде повторен сигурно нема да ја носи некој политички фактор, туку судот, изјави претседателот Стево Пендаровски за случајот „27 април“ по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски што попладнево на барање на опозицискиот лидер се одржа во „Вила Водно“.

Со таа негова теза, потенцираше шефот на државата,  не прави ревизија на судската пресуда, бидејќи не гледа причина за тоа зашто е, како што рече, завршена работа и луѓето се во затвор, ниту смета дека пресудата е донесена без докази.

-Само зборувам за обидите за политичко толкување на пресудите, што не придонесува за воспоставување нормална политичка дебата во која нема да се гледаме како смртни непријатели, рече Пендаровски.

На средбата го повторил ставот дека помилување за лица кои направиле кривично дело без преседан во современа Европа не доаѓа предвид, затоа што нивната вина во тој процес била неспорно утврдена.

Според Пендаровски, упадот во Собрание било терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а не кривично дело тероризам. Не може и не сака, рече, да оди надвор од судската формулација, но она што него го интересира е граѓанското помирување и неговата улога е да помогне „луѓето да не се гледаат преку нишан“. Затоа што, рече, не постои период од 1990 година до денес во кој сме биле повеќе поделени по сите линии, а за тоа сведочи и што главна вест денеска во државата била средбата меѓу него и опозицискиот лидер.

 – Факт е дека тие лица не беа судени за кривично дело тероризам, туку под друг член за терористичко загрозување на уставниот поредок. Дејствијата со кои може да се изврши тоа кривично дело се слични, запретената казна идентично најмалку десет години. За  27 април, паметите, постои пресуда за група луѓе кои беа дел од истата толпа која влезе во Собранието и го претепа Зијадин Села. Ако се следи правната квалификација на таа пресуда, а не политички интерпретации на пресудите, тие луѓе беа судени, со право добија високи казни, но не беа судени за кривично дело тероризам, туку за убиство во обид. Или, на пример, случајот со напаѓачот на пратеничката тогаш Радмила Шекеринска. Тие сцени кои нè шокираа нас и светот, кој беше исто така дел од луѓето кои влегоа во Парламентот, и кој не беше суден за тероризам, туку за кривично дело насилство. Значи, накусо, да се разбереме, сите овие споменати направија страшни кривични дела. Оставија тешки последици и трауми и кај нападнатите и кај нивните семејства. Добија заслужени казни, казни според она што го знаеме од претходните процедури кои завршија и тука нема компромис. Меѓутоа политичката реторика, во која и тогаш и денес тие пресуди беа врамувани, објаснувани, интерпетирани, според мене дополнтелно го продлабочува јазот меѓу граѓаните. Според едната група, според едното образложение, тие се терористи од рангот Ал Каеда, ИСИС, а според другата се уставобранители иако се судени за загрозување на уставниот поредок, рече Пендаровски.

Неговата теза е, рече, дека ако продолжиме со вака крајно спротивставена политичка реторика, „ние не само што  нема да дојдеме до национално или граѓанско помирување, туку нема да можеме да воспоставиме базична политичка комуникација меѓу нас како што за жал е сега ситуацијата“.

 На новинарско прашање одговори дека не знаел дека е донесена пресуда во втор степен од Апелациски суд во февруари и дека решението сè уште не е доставено до странките, и за тоа слушнал на средбата со Мицкоски.

– Не знам дали е тоа точно, но мислам дека ако е одлучено во февруари, колку и да е обемна пресудата, мислам дека имало доволно временски период да им биде доставена пресудата зашто тоа е формално правна претпоставка да ја добиете пресудата за да евентуално имате нови докази, барате преотворање на процесот. Верувале или не, од 60-ина минути разговор со господинот Мицкоски, одвај 4-5 минути разговаравме за случајот „27 април“. Разговаравме за други побитни процеси и тенденции. „27 април“ беше само повод ВМРО-ДПМНЕ да ги одмрзне односите со мене, рече Пендаровски.

За објавите во некои медиуми дека денешнава средба ќе биде обид да се ревидира судскиот процес за 27 април или дека со самата средба се врши притисок врз судството, одговори дека е крајно необично притисок врз судот да се врши на јавна средба во кабинетот на претседателот на државата.

-Обично тие притисоци се прават на поинаков начини со поинакви средства во што сите имавме прилика да се увериме во преслушуваните материјали. Наводното релативизирање  на настаните од 27 април, кои некои ми го инпутираат сигурно не може да го очекувате од мене, затоа што јас самиот, како пратеник во 2017 на тој ден бев меѓу нападнатите и повредените, додаде Пендаровски.

Задоволен е што се одмрзанати односите со ВМРО-ДПМНЕ, кои не комуницираа со претседателот откако по изборите тој му го додели мандатот на Зоран Заев. Рече дека изминатите 10 месеци биле изгубено време, но дека сепак е подобро толку отколку  три години.

Се надева дека оваа средба со Мицкоски нема да значи замрзнување на односите со премиерот Заев со кого, како што рече во одговор на новинарско прашање, за утре има договорено куса средба за да разменат мислења за тековни теми.

-Конкретно за премиерот Заев, во изминатите две години не сум имал апсолутно никаква примедба за кој било мој став од негова страна. Од некои луѓе од неговата околина можеби, но од него не, рече претседателот Пендаровски. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе