Пендаровски очекува убедлива победа во вториот круг

Скопје, 22 април 2019 (МИА) – „Очекувам убедлива и недвосмислена победа во вториот круг за конечно Македонија да добие претседател на сите граѓани“, изјави денеска претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Пендаровски потврди дека по резултатите добиени од синоќа по завршувањето на првиот круг гласање на претседателските избори, немал разговори со албанските опозициски партии и нема да се оди на разговори затоа што, рече, не ни е потребна политичка трговија. Во однос на можноста да се бараат гласовите од претседателскиот кандидат Блерим Река, тој ја повтори изјавата на Река во која нагласува дека неговите гласачи по првиот круг, се личности со свој став и како сакаат така треба да решаваат во вториот круг.

– Имам намера да го промовирам мојот концепт. Во вториот круг влегуваат два дијаметрално спротивни концепти. Едниот концепт за кој се залагам е евроатлантска интегрирана Макеоднија и внатре инклузија на сите етнички заедници во системот. На друга страна имаме националистички-популистички концепт од 19 век, истакна меѓу другото Пендаровски.

На граѓаните кои гласаа за Река им порача дека ја очекува нивната поддршка во вториот круг.

– Од нивниот  глас зависи каков курс ќе заземе нашата земја по 5 мај, оцени Пендаровски.

Според него, на 5 мај потребна е максимална граѓанска и политичка мобилизација и поддршка за концептот што ја води оваа земја напред, за да се избегнат нови блокади на патот кон НАТО и ЕУ. Пендаровски изрази уверување дека ќе се постигне цензусот во вториот круг на претседателските избори.

По барање на новинарите да даде коментар за тоа што во првиот круг со резултатите „го изгуби“ Скопје, Пендаровски потенцира дека според бројките тоа не е така, ако се говори за 10 – те општини кои го сочинуваат Градот Скопје.

– Трендовите во Скопје се многу слични како и на ниво на цела држава, рече тој.

Многу вода протече низ Вардар во меѓувреме, рече меѓу другото Пендаровски прашан од новинарите за добиените резултати односно добиените гласови што речиси се во ист број како во 2014 година кога немаше поддршка од коалициските партнери и велеше дека имало режим. Во 2019 година имавме демократски амбиент, а тоа го потврдуват и домашните и меѓународните монитори и политичките субјекти инволвирани, за разлика од тие во 2014 година.

– Политичките одлуки кои ги преземавме од 2016 година наваму влијаеа на изборниот резултат. Не сум изненаден, анкетите што се правеа во изминатиот период покажуваа отприлика вакви тенденции, нагласи Пендаровски, додавајќи дека на резултатите влијаеле и направените, како што рече, тешки одлуки и компромиси, како што се договорите со Грција и со Бугарија и Законот за јазици.

Изрази задоволство што во првиот круг мнозинството граѓани гласале за напредна и европска Македонија, за заедништво, напредок и сигурна иднина.

– Ги разбирам и граѓаните кои решија да не излезат на гласање и на тој начин да ја пратат пораката. Верувам дека пораката од страна на политичарите е примена, изјави денеска Пендаровски. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more
 

Вести

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе