Пендаровски од Прилеп: Децата и внуците ќе ни останат и ќе просперираат тука, само ако има услови за пристоен и достоинствен живот

Првиот ден од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчеравечер го заврши со централен, граѓански митинг во Прилеп.

Истакнувајќи дека според бројот на жители и бројот на дадени потписи за неговата кандидатура, Прилеп е најдобар во Македонија, Пендаровски рече се сеќава што рекол пред 5 години и дека може да ги погледне прилепчани в очи и да не се засрами.

„Главната работа која ја кажав е дека ќе бидам претседател на сите. Тоа значи: не гледам партија, не гледам фамилија, не гледам вера или нација, гледам кој е човек, па и нелуѓето сум ги примал. Сите ги примам, секој што има мака, секој што има нешто да ми каже, да му помогнам или да ми даде некаков предлог, некаква сугестија за да ги решиме проблемите на нашите граѓани, кои не се мали“, рече Пендаровски.

Говорејќи за бенефитите од членството на државата во НАТО, Пендаровски рече дека на чекор ни е и полноправното членство во ЕУ со што би ја оствариле и втората голема стратешка цел. Но, како што рече тој, само ако сме сложни меѓу себе. Членството во Унијата, додаде Пендаровски ќе го намали и иселувањето на нашите деца и на нашите внуци, нашата најголема болка. Пендаровски изрази уверување дека со пристап до европските фондови може да се дуплира стандардот на секој македонски граѓанин.

„Децата тука ќе имаат шанса да останат и да просперираат, само ако има услови за пристоен и достоинствен живот. Не треба ништо да си одземеме од тоа кои сме и што сме, јазикот ни е гарантиран, идентитетот ни е гарантиран. Оваа политичка структура после 17 години преговори и во еден дел т.н. преговори, бидејќи властите тогаш не сакаа да преговараат бидејќи си ги чуваа фотелјите и парите, ги започна преговорите и ја отвори првата конференција со Европската Унија“, рече Пендаровски.

Уверувајќи ги граѓаните на Прилеп дека опцијата за која се застапува и за која живее не може да ја однесе Македонија повторно во балканската кал, туку во просперитетна европска средина, Пендаровски ги повика прилепчани масовно да гласаат за него и на 24 април и на 8 мај.

Remote video URL
реклама

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Read more

Македонија

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Read more

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Read more
 

Вести

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Читај повеќе

34-годишен маж силувал дете во напуштен локал во Тетово, па избегал

Читај повеќе

Уапсен велешанец со 11 килограми опиум

Читај повеќе

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Читај повеќе

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Читај повеќе

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Читај повеќе

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Читај повеќе

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Читај повеќе

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Читај повеќе