Пендаровски: Персона-нон-грата не се презема заради политички изјави

Претседателот Стево Пендаровски изјави дека персона-нон-грата никаде во светот не се презема заради политички изјави, туку кога има индиции за закана за националната безбедност.

–Сакам да го појаснам она што го кажав на прес-конференцијата  по Советот. И гледам дека некои од овие познати експерти, аналитичари, професори, па и политичари кои го разбираат бугарско-македонскиот комплекс што трае децении наназад не ја гледаат таа дикстинција. Јас не барам протерување, не се битни имињата, не барам протерување, и не барам забрана за доаѓање во Македонија на лица кои велат дека ние сме Бугари. Имаат право да го викаат тоа. Ние одиме со тоа да одиме со санкции кон лица кои тврдат дека ние не сме Македонци, тука има многу за санкционирање. Значи ваква мерка персона-нон-грата никаде во светот не се презема заради политичка изјава, вели Пендаровски во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма, додавајќи дека ние сме демократска држава и претендираме да бидеме и до крај вистинска европска демократија.

Претседателот нагласува дека „ако е загрозен потенцијално јавниот поредок, јавниот ред и мир, националната безбедност на Македонија или нашата меѓународна позиција, но би апострофирал првите две посебно, во тој случај ние треба да негираме по тие основи“. 

-Значи повторувам тој тип што го споменувате не ми пречи колку и да вика во центарот на Скопје дека јас не сум Македонец. Само се брука, тоа се политички шарлантани, циркузанти кои кажуваат работи кои целокупната светска наука на прво место, чувствата а македонскиот народ ги демантира. Меѓутоа ако ти велиш јас ќе дојдам со организиран превоз ги повикам сите Бугари во Македонија, надвор од Македонија да доаѓаат илјадници да им покажеме кои се овие кои не знаат кои се, а од друга страна имаш тоа е закана за јавни поредок. И тоа е закана за националната безбедност за Македонија, рече Пендаровски, додавајќи дека во таков момент би реагирал и би препорачал таков сет мерки кон Владата.

Пендаровски вели дека не се чувствуа загрозен за личната безбедност по изјавите на бугарскиот еврпратеник Ангел Џамбаски.

-Се шегував на оваа тема, само треба да ги изгаснеме светлата, затоа сме на една ваква локација, длабоко во шума скриени и секоја вечер откако Џамбаски ја даде таа изјава, спијам во различен стан. Се разбира, се шегувам, одговори Пендаровски на прашањето дали се чувствува безбеден.

Пендаровски додаде и дека и не е подигнато нивото на готовност, за неговата безбедност.

-Новиот Владо Черноземски, како што самиот се претставува, беше во оваа иста сала, пред три години, кога беше дел од делегацијата предводена од Бојко Борисов, за 2 Август. Него практично го немаше нигде, и Борисов, кој тогаш беше премиер, кон него се однесуваше како последно дупче на свиралче. Апсолутно не му даде да зборува. Само во еден момент кога ме праша Борисов што препорачуваш, што забележуваш од наша страна, а тоа беше првата година после затоплување на односите, кој го расипува овој тренд, јас му кажав овие што седат лево и десно од тебе, Ковачев и Џамбаски, затоа што од сабајле до вечер на Фејсбук пишуваат против нас. Потоа тој се сврте накај Џамбаски и му рече „Од утре ниедна објава на Фејсбук, разбра?“, кажа Пендаровски.

На прашање за отсуство на реакции за изјавите на Џамбаски, Пендаровски вели дека имаше јасна осуда од евроамбасадорот Гир.

-Тој рече дека таква реторика не е прифатлива кон шеф на една суверена држава и сметам дека тоа е повеќе од доволно, бидејќи тоа и е европски став, дециден е Пендаровски.

Претседателот смета дека во моментов, воопшто не постои шанса да се доближиме до две третини мнозинство во Собранието потребни за промена на Уставот.

-Објективната проценка денес е дека не можеме да стигнеме до две третини за промена на Уставот. Дали ќе се промени нешто во наредниот период ќе видиме. Тоа ќе се одвива пред се во убедување на оние кои се сега против, дека утре и они кога ќе дојдат на власт ќе го имаат истиот проблем доколку сакаат влез во ЕУ, а ако не се за влезот во ЕУ, тоа треба чесно на луѓето да им го кажат, истакна Пендаровски вечерва во гостувањето на Топ Тема.

Тој напомена дека додавањето на народите во Уставот нема да ја наруши државата, ако на пример се додадат Црногорците, Хрватите, не само Бугарите, или евентуално делови од еврејската заедница.

– Хрватска има над 20 народи ставени во Уставот и таму нема никаков проблем. Ако мене ме прашувате и ако сум јас денеска пратеник, јас не утре туку денеска ќе гласам за такви уставни промени. Но, од она што го гледам во овој момент, воопшто не постои шанса да се доближиме до две третини потребни за промена на Уставот. Атмосферата е таква, од политичките изјави на многу од чинителите и на страна на опозицијата, но и од поединците од страна на владеачката коалиција кои јасно кажуваат под какви услови би гласале, а некои велат под никакви услови, додава претседателот.

Сепак, според Пендаровски, најбитно е што нема мегаломански барања во европската преговарачка рамка, за која се согласија 27 земји членки, вклучително и Република Бугарија. Тој смета дека друга рамка за преговорите нема да има, без разлика колку тие ќе траат.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Read more

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе