Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена

Претседателот Стево Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со COVID-19. Како причина за тоа ги наведе спроведување на економско-социјалните мерки.

Пендаровски по седницата на Советот за безбедност потенцираше дека во врска со продолжувањето на вонредната состојба се консултирал со повеќе експерти.

Тој по седницата рече дека Советот за безбедност заклучил дека надлежните институции работат координирано и оти ситуацијата е подобрена и оти евидентно е дека како држава добро се справуваме со коронакризата.

Втората триесетдневна вонредна состојба поради пандемијата со коронавирусот завршува на 16 мај.

На денешната седница на Советот за безбедност, се разговараше за евентуално трето продолжување на вонредната состојба поради коронакризата. Предлогот за трето продолжување на вонредната состојба, која истекува утре, до Советот го доставува Владата, а таа претходно денеска излезе со став дека ќе бара од претседателот Стево Пендаровски нови 30 дена вонредна состојба.

– Владата на Република Северна Македонија на денешната 53. седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Северна Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба и во наредните 30 дена, е дел од заклучоците од денешната 53. владина седница.

Министерот Венко Филипче вчера најави дека ќе биде побарано продолжување на вонредната состојба, но не прецизираше дали ќе се бараат нови 30 денови или помалку.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе