Пендаровски се консултира со правни експерти за Законот за пописот

Претседателот Стево Пендаровски е во консултации со правни експерти па потоа ќе го потпише законот за попис, изјавија за МИА од кабинетот на претседателот и додаваат дека ставот на претседателот ќе биде соопштен деновиве.

– Претседателот Пендаровски врши консултации со правни експерти за донесениот Закон за пописот и во наредните неколку денови ќе го соопшти својот став, велат од кабинетот на Пендаровски.

Истиот ден по донесувањето, претседателот на Собранието, законот го доставил до претседателот на Републиката заради потпишување на указот за прогласување на законот.

Пендаровски согласно законот, во рок од седум дена од денот кога му е доставен законот, треба да го потпише указот за прогласување на законот или писмено да го извести претседателот на Собранието доколку одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот.

Ако претседателот на Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот согласно со Деловникот, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот. По повторното разгледување на законот, амандмани можат да се поднесуваат само во врска со укажувањето на претседателот на Републиката.

Во меѓувреме, пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, вчера повторно го изнесе ставот на партијата дека овој попис е крајно политизиран и уште еднаш го повика претседателот Стево Пендаровски, пред да реши дали да го потпише указот за Законот за попис да се консултира со експерти. Според него, овој попис се води по застарена методологија, за која тие сметаат дека не е усогласена со највисоките стандарди од ОН и ЕУ, односно стандардите на Евростат.

– Ние даваме конкретни предлози како може Македонија да направи електронски попис бидејќи имаме капацитет за тоа. Но, очигледно немаше слух, рече Муцунски.

Пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска, вчера изјави дека најавата од ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за поднесување закон за поништување на Законот за попис и повикувањето на граѓаните за да го бојкотираат пописот е крајно антидржавно однесување.

– Се надеваме дека во наредниот период ќе ги преиспитаат своите одлуки околу собирањето на потписи заради тоа што деструктивното однесување и повикувањето за непочитување на законот за попис којшто е од исклучителна важност за нашата држава и за креирањето на понатамошните политики особено во однос на економијата, изјави на вчерашната прес-конференција Георгиевска.

Собранието го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во 2021 на 20 јануари. Ова законско решение го поддржаа пратениците од владејачкото мнозинство СДСМ, ДУИ и Беса, и опозициската Алијанса на Албанците и Алтернатива, но за него не гласаше најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Северна Македонија, прв во земјава по 19 години, согласно донесениот закон, треба да се спроведе од 1 до 21 април, оваа година, а за негова доследна реализација ќе биде изготвена методологија и други пропратни документи.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе