Пендаровски во посета на Лабораторијата во ИЈЗ: Чувајте се

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје.

Како што соопшти неговиот Кабинет, за време на посетата претседателот Пендаровски беше запознаен со работата на лабораторијата, во која се вршат испитувања за присуство на вирусот COVID-19.

Претседателот Пендаровски оддаде признание за макотрпната работа на докторите и медицинско-техничкиот персонал, кои по појавата на вирусот работат со засилено темпо и се изложени на висок ризик во својата работа и им честиташе за тимската и пожртвувана работа и за нивниот придонес во справувањето со последиците од ширењето на COVID-19, се посочува во соопштението.

-Овде сум лично да ви ја искажам огромната благодарност во името на сите наши граѓани за сè ова што го правите. Охрабрува вашата професионалност и одговорност, посветеноста и смиреноста со која секојдневно ги извршувате вашите обврски. Ви порачувам да се чувате, секој поединечно, и како тим и како семејство, им порача претседателот Пендаровски на вработените.

Вработените во Лабораторијата, поделени во три тима, по систем на ротација на секои три часа, обработуваат од 50 до 70 примероци.

Пендаровски ја истакнал потребата да се овозможи непречена работа на лабораторијата, која има важна улога во детектирањето и спречувањето на ширењето на вирусот.

За време на посетата, се посочува во соопштението, Пендаровски повикал на доследно почитување на препораките од надлежните институции со цел справување со последиците од ширењето на COVID-19. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе