Пендаровски води на анкетите на Рејтинг и на МЦМС

Скопје, 15 април 2019 (МИА) – Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски би добил најмногу гласови на претседателските избори – 38,3 отсто, доколку утре се одржи гласањето.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата која ја спроведе агенцијата Рејтинг во периодот од 8 до 14 април, врз репрезентативен примерок со кој беа опфатени 1.112 испитаници.

За кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Сиљановска-Давкова се определиле 33,2 отсто, а за кандидатот, поддржан од албанската опозиција Блерим Река, 12,6 отсто, додека 15,9 проценти од испитаниците сѐ уште не знаат за кого ќе гласаат.

Според резултатите од испитувањњето 42,9 отсто сметаат дека претседателските избори се мошне важни за иднината на земјата, 29,4 отсто сметаат дека се прилично важни, 14,9 отсто дека не се ниту важни, ниту неважни, 3,3 отсто дека се прилично неважни, 6,6 отсто дека не се воопшто важни, а 2,8 проценти не знаат или не дале одговор.

Редовно кампањата ја следат 20,7 отсто од испитаниците, често ја следат 25,2 отсто, понекогаш 25,4 отсто, ретко 19,3 отсто, никогаш девет отсто.

Најголем дел од испитаниците за кампањата се информираат од телевизиите – 58,8 отсто, 20,1 отсто од социјалните мрежи, 7,5 отсто од интернет порталите, агрегаторите, 1,3 отсто од радио, 0,2 отсто од печатот, 4,1 отсто од разговори со пријатели, а 8,1 отсто не ја следат.

На прашањето за кој од кандидатите за претседател би кажале дека води според два критериуми – најдобра кампања и најпозитивна кампања резултатите покажуваат дека 30,8 отсто сметаат дека Стево Пендаровски има најдобра кампања, а 31,8 отсто сметаат дека има најпозитивна кампања.

Дваесет и шест отсто сметаат дека Сиљановска Давкова има најдобра кампања, а 27,4 осто дека има најпозитивна кампања, додека 10,1 отсто сметаат дека Блерим Река има најдобра кампања, а 10,4 отсто сметаат дека има најпозитивна кампања.

МЦМС: Пендаровски со 27,2 отсто пред Сиљановска со 23,5 и Река со 11 отсто

Стево Пендаровски е во благо водство (27,2 отсто) пред Сиљановска Давкова (23,5 отсто), односно разликата е 3,7 процентни поени, покажаа резултатите од истражувањето направено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) Скопје на барање на Телевизија Телма.

Во извештајот „Претседателски избори 2019 – втора анкета“ се презентирани и анализирани ставовите на граѓаните во земјава во однос на претстојните претседателски избори, добиени преку испитувањето на јавното мислење во периодот од 7 до 11 април годинава.

Поддршката за Блерим Река, кандидат на Алијансата за Албанците и на Беса е 11 отсто од испитаниците што е речиси идентична со таа од претходната анкета, додека Пендаровски, за разлика од првата анкета, го зголемил водството од 2,6 на 3,7 процентни поени.

Резултатите покажуваат дека Сиљановска-Давкова има поголема поддршка кај етничките Македонци (32,6 отсто) за разлика од Пендаровски (28,6 отсто). Пендаровски, пак, има поголема поддршка кај етничките Албанци (20,5 проценти) отколку Сиљановска-Давкова (0,4 проценти). Поддршката за Пендаровски кај етничките Албанци е поголема за 5,3 отсто во однос на претходната анкета. Најголем дел од етничките Албанци одговориле дека ќе гласаат за кандидатот Блерим Река (41,6 проценти).

И во оваа анкета, како и во претходната на МЦМС, мнозинство од испитаниците, односно 68,1 отсто рекле дека ќе излезат, а нешто помалку од една четвртина или 22,5 отсто рекле дека нема да излезат на изборите.

Споредено со претходната анкета, пораснал процентот на оние што сигурно ќе излезат на избори од 37,2 отсто на сегашните 41,8 отсто, а малку се намалил процентот на оние кои сигурно нема да излезат на изборите од претходните 20,4 проценти на сегашните 18,3 отсто.

Големо мнозинство од етничките Македонци односно 71 отсто и мнозинство од етничките Албанци (63,3 отсто) одговориле дека ќе излезат на гласање. Сепак, според анкетата, изјавите за излезност на гласање треба да се земат со голема резерва, бидејќи праксата покажува дека реалната излезност е доста помала од онаа што се декларира при вакви анкети. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 967 испитаници.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе