Пендаровски за париски La Croix: Цели 14 години сме во чекалната на ЕУ

Париз, 15 ноември 2019 (МИА) – Само перспективата за интеграција во Европската унија ќе го спречат враќањето на авторитарните режими на Балканот, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за парискиот весник La Croix.

Како што јави дописникот на МИА, на прашањето во врска со одложувањето на стартот на преговорите за членство на земјата во Европската унија, поради противењето на Франција, претседател вели дека случајот со Северна Македонија е многу јасен, бидејќи покрај Турција „ние сме најстарата земја кандидатка“.

– Поминаа 14 години како што сме во чекалната на Европската Унија. И во последните десет години, Европската комисија сериозно препорачува започнување на преговори за членство со нашата земја, бидејќи таа ги исполнува сите предуслови. Освен што прво моравме да го решиме историскиот спор околу името на нашата земја за надминување на ветото на Грција. Тоа успеавме да го сториме со Договорот од Преспа од јуни 2018 година. И ЕУ повторно ни рече „не“? Ништо не ја оправдува оваа одлука, која е истовремено многу непријатна и многу шокантна. Таа исто така беше многу критикувана, нагласува Пендаровски.

На прашањето на La Croix како реагирале Македонците на ваквата одлука на лидерите на ЕУ, Пендаровски одговара дека „евидентно реакцијата беше многу негативна“.

– Многумина сметаат дека Брисел се подбива со малите земји на Балканот, со тоа што испрати „не“ како награда, откако ја направивме оваа многу тешка одлука за промена на името на нашата земја… Во тоа време, помалку од половина од Македонците ја прифатија оваа промена, додава шефот на државата.

Сепак, она што е многу охрабрувачко, според Пендаровски, е тоа што 85 отсто од жителите на земјата остануваат определени за членството во ЕУ.

– Но, колку долго ќе трае овој ентузијазам ако ЕУ опстојува во нејзиното одложување? Тоа е судбината на малите земји, можеме само да ги молиме големите сили да не нѐ заборават, додава претседателот.

Тој во интервјуто открива и детали од разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон, кој му рекол дека прво сака ЕУ да се реформира, пред да прими нови членки.

– Ние не бараме сега да станеме членки, само бараме да ги почнеме преговорите. Знаеме дека овој процес ќе трае многу години. Ништо не спречува паралелно да се спроведат двата пристапи и реформата и проширувањето, додава Пендаровски.

Тој посочува дека Макрон ми порачал дека се надева оти реформата на методологијата на пристапните преговори ќе биде усвоена од страна на членките на ЕУ следната пролет.

– Тоа значи дека новата одлука за Северна Македонија би можела да биде донесена во првата половина на 2020 година, за време на претседавањето на Хрватска со ЕУ, вели претседателот Пендаровски.

Запрашан директно дали Макрон јасно се обврзал да каже „да“ за почеток на преговорите, Пендаровски одговара: „Не, но сакаме да веруваме дека тој ќе рече да“.

– Тој прифати многу од моите аргументи и призна дека Северна Македонија ги исполнува сите критериуми за започнување преговори, за разлика од Албанија, за која вели дека има сомнежи, вели Пендаровски, додавајќи дека Макрон за време на неговата посета на земјава планирана за првите месеци од 2020 година, ќе сака да го објасни својот став пред властите и граѓаните на земјава.

За тоа дали ЕУ со ваквиот свој став ја отвора вратата на Балканот за другите сили како Русија, Турција и Кина, претседателот на Северна Македонија оценува дека „природата не сака празнина“. 

– Доколку ЕУ е отсутна од регионот, сигурно е дека другите земји ќе ги направат своите интереси полесно достапни. Ова не е наша желба. Јас имам 56 години. Половина од мојот живот живеев во поранешна Југославија. Потоа имавме повторно авторитарна власт под десетгодишното владеење на Груевски (2006-2016). Сакаме да научиме од европските демократии како да се организираме да имаме стабилни политички институции, независно правосудство и слободен печат, вели Пендаровски.

– Ако немаме европска перспектива, ако нашата иднина зависи од нашите национални политичари, ние ќе продолжиме да ги доживуваме овие циклуси на враќање назад и ќе изгубиме стотина години. И нашите млади, особено најдобрите, ќе продолжат да си заминуваат. Се проценува дека околу 500.000 луѓе ја напуштиле земјата за околу 20 години, додава Пендаровски.

Запрашан за целта на состанокот организиран од нашата земја, со Србија и Албанија на 10 ноември, Пендаровски одговори дека овие земји „сакаат да создадат еден вид „Мал Шенген“ на Балканот со укинување на царинските бариери и слободно движење на стоки и луѓе.

– Намерата не е тоа да биде алтернатива на членството во ЕУ, нагласува Пендаровски.

Тој потенцира дека последниве месеци загриженост предизвикала идејата за решавање на спорот меѓу Косово и Србија преку промена на границите.

– Со менување на границите на Балканот се презема огромен ризик од домино ефект во Босна и Херцеговина и Северна Македонија. Нестабилноста ги уништува сите напори преземени уште пред триесет години на Балканот, предупредува претседателот Пендаровски во интервјуто за париски La Croix.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе