Пентагон формира работна група за анализа на појави на НЛО

Министерството за одбрана на САД одлучи да формира работна група за испитување на појава на неидентификувани летачки објекти (НЛО), се вели во соопштението на Пентагон.

Целта е да се подобрат перцепциите за тој проблем и за природата и потеклото на НЛО. Мисијата на работната група е да ги откријат, анализираат оние НЛО што можат потенцијално да претставуваат закана за националната безбедност на САД, се вели во документот.

Телевизијата CNN, повикувајќи се на официјални претставници на министерството, објави дека Пентагон е во процес на формирање таква работна група, при што проектот го предводи првиот заменик секретар за одбрана Дејвид Норкист.

Во јуни, Доналд Трамп вети дека ќе размисли за отстранување на тајноста од материјалите за НЛО и особено за т.н. „Инцидент од Розвел“ што се случи на 4 јули 1947 година.

На крајот на април годинава Пентагон објави видеа од морнарицата на САД, кои според извештаите на медиумите се снимени „воздушни феномени“ што се карактеризираат како неидентификувани. Тие снимки направени се од американски воени авиони во ноември 2004 и јануари 2015 година.

Одамна се криени од министерството, иако нивната автентичност подоцна беше потврдена од морнарицата на САД. Кон крајот на 2017 година, се дозна дека Пентагон има тајна програма за собирање и анализа на податоци за „воздушно-вселенски закани“, за што биле потрошени десетици милиони долари. Првично, таа програма била во одделот за разузнавање на Министерството.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе