Пентагон не е само воениот мозок на САД, тоа исто така е еден огромен бирократски систем што се состои од бројни менаџери и уште повеќе презентации.
Бирократските презентации во Пентагон се сведуваат на ракување со PowerPoint, широко распространетиот и најверојатно најомразен софтвер за презентации.
Порталот The Internet Archive собра стотина јавно достапни воени PowerPoint презентации и ги изложи за јавноста на едно место под името Military Industrial PowerPoint Complex.
Порталот планира на 6 март да одржи Military PowerPoint Karaoke,настан на кој учесниците ќе држат PowerPoint презентации со слајдови што никогаш ги немаат видено и не знаат ништо.
За оние кои нема да бидат во можност да присуствуваат на настанот во Сан Франциско, може да ги видат сите презентации ТУКА.