Стил

People: Џенифер Гарнер е најубавата жена за 2019 година

25. април 2019 - 12:14 | Б.С.Б.

Секоја година People ја прогласува личноста на годината, минатата година за најубава личност беше прогласена пејачката Пинк, а годинава титулата и припадна на Џенифер Гарнер.

Актерката Џенифер Гарнер е прогласена за најубавата личност за 2019 година според People. 47-годишната Гарнер, во природно издание без шминка, ја краси насловната страница на списанието. Во интервјуто таа ги открива нејзините тајни за безвременската убавина. Изгледа дека за нејзиниот младолик изглед најмногу се заслужни децата, 13-годишната Вајолет, 10-годишната Серафина и 7-годишниот Самјуел. Таа беше во брак со актерот Бен Афлек, од  кого конечно се разведе пред 6 месеци, а го напушти во 2015 година поради неговите проблеми со алкохолот. Во брак беа од 2005 година. Парот остана во добри односи поради децата и често минуваат време заедно како семејство.

„Штом се вратам од некој настан или снимање ми велат да ја отстранам шминката од лицето, да ја соберам косата и да ги ставам очилата. Тоа им е моето омилено издание и за мене е тоа комплимент“, открива актерката, која неодамна во интервју за Harper’s Bazaar откри дека приватно воопшто не носи шминка.

Во интервјуто за People открива дека е изненадена што таа ја доби титулата за најубава жена во 2019 година бидејќи никогаш не се чувствувала како убавица ниту пак за себе размислувала на тој начин, но секогаш била задоволна од изгледот и смета дека тоа е причината што другите ја доживуваат како убава жена.

„Бев многу изненадена, ми требаа неколку минути тоа да го прифатам и да се одушевам“, вели Гарнер. „Убавината ја доживувам многу холистички и се чувствувам посреќна и поубава кога помалку се гледам во огледало“, објаснува таа и додава дека поважно ѝ е каков впечаток остава нa другите луѓе.

Коментирај