Пеп Гуардиола не крие дека не му се допаѓа изјавата на Хулиан Алварес, кој жалејќи се на малата минутажа навести дека ќе побара трансфер.
„Играв многу, јас сум еден од играчите со најмногу минути, но никој не сака кога не игра на најважните натпревари. Секогаш сакате да дадете повеќе. Ќе размислам што и како понатаму. Ќе видиме“, изјави Алварес.
Неговите зборови не му се допаднаа на неговиот тренер Жузеп Гуардиола.
„Прочитав што рече. Еве, нека размисли и нека ни каже што сака“, изјави Каталонецот, а потоа продолжи:
„Хулиан играше многу. Дали тој сака повеќе? Тоа е сосема во ред. Затоа, нека размисли што ќе прави понатаму, а кога ќе одлучи да ни каже“.
Каталонскиот тренер потоа рече:
„Тој сака да има поважна улога и да игра поголема минутажа на важните натпревари. Имаме 18 или 19 играчи кои го сакаат истото. Менаџерот на Алварес ќе разговара со спортскиот директор по Олимпијадата, потоа ќе донесема одлука“, изјави Пеп.