Жузеп Гуардиола останува во Манчестер Сити и следната сезона, тврдат англиските медиуми повикувајќи се на извори во клубот. Додека трае паузата во клупскиот фудбал, Пеп имал успешна средба со челниците на Сити. Наводно бил договорен нов едногодишен договор.
Сè уште ништо не е потпишано, а нема официјални изјави кои навестуваат таков исход, но во вестите кои доаѓаат од Островот се вели дека Гуардиола 99% ќе го потпише договорот до крајот на годината.
По заминувањето на спортскиот директор Аитор Чики Бегерстаин, и ангажманот на Угу Виана од Спортинг, се шпекулираше дека Гуардиола сигурно ќе си замине на крајот од сезоната.
Каталонецот пристигна во Сити во 2016 година кога започна доминацијата на „Граѓаните“ во Премиер лигата и успеа да ја освои Лигата на шампионите на УЕФА. Во моментов тимот е во криза, се наоѓа во серијата од 4 порази, што на Сити му се случува прв пат во ерата на Пеп.