УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Пеп: Кога го гледам Баерн сфаќам дека не сме фаворити

Стратегот на Манчестер Сити не го смета својот тим за фаворит за титулата во Лигата на шампионите сезонава, бидејќи, како што вели, тоа го сфатил гледајќи ја играта на неговиот поранешен клуб Баерн.

Каталонскиот тренер смета дека бранителот на тронот, минхенски Баерн, и оваа сезона е главен фаворит за титулата.

„Кога го гледам Баерн како игра, сфаќам колку само ние не сме фаворити. Мојата цел во моментов е Вест Хем со кого играме за три дена“, вели тој зборувајќи за BT Sport.

„Ако луѓето велат дека сме фаворити, мора да го прифатиме тоа. Но, клуб кој во целата своја историја стигнал само еднаш до полуфиналето, да се смета за фаворит? Ок, така нека велат, мораме да го прифатиме тоа“.

Навистина, Манчестер Сити не може да се пофали со некој голем успех во Лигата на шампионите. Во последните 10 сезони редовно настапува, но ниту еднаш не дојде до финалето. Најдалеку што стигна беше во сезоната 2015/16 кога во полуфиналето беше елиминиран од Реал Мадрид и тоа со еден гол во двата натпревара. Всушност, овие 10 сезони се е единствени за клубот откако натпреварувањето се вика Лига на шампиони, а претходно во Купот на европските шампиони имаше само еден незабележителен настап.

Синоќа „Граѓаните“ славеа на гости против Борусија Менхенгладбах со 2:0 и со едната нога се во четвртфиналето.

реклама

Фудбал

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе