Тренерот на Манчестер Сити, Жузеп Гуардиола, предизвика големо внимание по вчерашниот натпревар од 7. коло на Премиер лигата во кој „Граѓаните“ го победија Фулам (3:2) затоа што на теренот му пријде на гостинскиот трагичар Адама Траоре.
Имено, крилниот напаѓач на Фулам пропушти неколку навистина одлични можности и со тоа ја уништи можноста за сензација на гостите против шампионот на Англија.
Пеп не го направи она што го прават противниците во вакви ситуации, а тоа е само да се ракува со Траоре и да се поздрави.
На напаѓачот на Фулам му даде конкретни и практични совети како да го подобри финишот, а тој го привлече вниманието затоа што тоа го направи во свој стил - гестикулирајќи.
„Гвардиола толку многу го сака фудбалот што откако Траоре пропушти толку многу шанси, му пријде по натпреварот и го подучи противничкиот играч“, коментира на Х поранешниот играч Роберт Ерншо.
Pep Guardiola loves football so much that
— Robert Earnshaw (@RobertEarnshaw) October 5, 2024
after Traoré kept missing chances
he went over at full time to
coach the opponent player #pep #pepguardiola #football #futbol #soccer #coach #mancity #genius pic.twitter.com/lKcY6zKyW0
Инаку, Сити вчера забележа важна победа која го задржа на врвот на табелата со Ливерпул и Арсенал.
Од друга страна, и покрај поразот, Фулам е во добра позиција на стартот од новата сезона бидејќи го зазема високото седмо место во Премиер лигата.