
Бурите предизвикани од контроверзното интервју на Кристијано Роналдо со Пирс Морган не престануваат - се јави и стратегот на градскиот ривал Сити.
Португалскиот виртуоз зборуваше за разни теми, а една беше и потенцијалниот трансфер во Манчестер Сити пред да потпише за Јунајтед.
Имено, Роналдо изјави дека бил блиску до потпис со Манчестер Сити, но дека на крајот одлчучил да потпише за Манчестер Јунајтед. Од Сити тоа го демантираа.
„Не, јас за такво нешто не знам ништо. Немавме никакви контакти со него. Не знам зошто кажал такво нешто, но не е вистина“, изјави Пеп.