ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Пеп: УЕФА и ФИФА ми ги преморија играчите

Каталонскиот стратег вели дека нема друга опција освен постојано да прави ротации во составот бидејќи УЕФА и ФИФА со премногу натпревари му ги преморуваат играчите.

Жузеп Гуардиола ја брани својата политика на ротирање на играчите во Манчестер Сити со изговор дека УЕФА и ФИФА му ги премориле фудбалерите. Куп негови играчи беа со своите репрезентации на интернационалната пауза кога за десетина дена некои одиграа и по три натпревари. Сити и претходно имаше проблеми со оглед на тоа што се бори во сите натпреварувања и цело време има натпревари и во сред недела.

Пеп направи дури шест промени во стартните единаесет на завчерашниот дуел со Лестер Сити кој „Граѓаните“ го добија со 0:2 и се најдоа лекор поблиску до титулата. Бенжамен Менди и Габриел Жезус беа стрелци на головите со кои Сити ја задржа предноста од 14 бодови пред градскиот ривал Јунајтед.

Remote video URL

„Тие се човечки суштества, не се машини. Си ги познавам играчите, некои се вознемирени бидејќи сакаат секогаш да играат, но тоа едноставно е невозможно“, се жали Пеп говорејќи за англиските медиуми.

„За да се натпреварувате на сите фронта во оваа година без публика, со најкраткиот календар на сите времиња, ако не ротирате нема да можете да опстанете и не би биле на позицијата на која сме ние во моментов“.

„Се разбира дека тие би можеле да играат, имаат неверојатна ментална подготвеност, но имаат потреба од одмор. УЕФА и ФИФА ми ги преморија грачите, што е многу, многу е. Откако ја почнавме сезоната не сме имале една недела слобода, ниту една“, си ги кажува маките каталонскиот стратег.

„Не постои играч кој може да го издржи тоа, не само физички туку и ментално, да биде секој ден подготвен да се натпреварува и да оди на победа. Невозможно е“.

„Кога ротирам и победувам, тогаш сум гениј, велат: 'Одлично Пеп', но кога ротирам и губиме луѓето велат: 'Зошто ротираш? Треба да играш како што нормално играш'. Но, тоа долгорочно е неодржливо“.

Неговиот тим веќе утре игра против Борусија од Дортмунд во рамките на четвртфиналето од Лигата на шампионите, а четири дена подоцна следува Лидс Јунајтед во Премиер лигата.

Цел април „Граѓаните“ ќе играат на секои 3-4 дена бидејќи покрај овие две натпреварувања имаат и полуфинале во ФА купот, како и финале во Лига купот.

реклама

Елегантна и заводлива: Моника Белучи мамеше погледи во Дубаи

Read more

Еротски микс

Read more

Работи што никогаш не треба да ги ставате во микробранова

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Фудбал

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Read more

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Read more

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Read more

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Read more
 

Спорт

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Читај повеќе

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Читај повеќе

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Читај повеќе

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Читај повеќе

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас живее и без Дончиќ

Читај повеќе

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе