Вести

Пепелта на 152 луѓе ќе биде лансирана во вселената со Falcon Heavy

23. јуни 2019 - 12:05 | А.С.

Пепелта на 153 луѓе ќе биде лансирана во вселената. Посмртните останки ќе бидат сместени во ракетата Falcon Heavy што SpaceX ќе ја лансира од Флорида во понеделник вечер по локално време.

Пепелта е спакувана во метални капсули чие лансирање во вселената чини 5.000 долари по лице. На секоја капсула е испишана сентиментална порака, слично како на надгробните плочи.

Овој проект се реализира преку организацијата Celestis DNA која од 1994 година ја праќа пепелта на кремирани луѓе во вселената, преку 15 различни вселенски летала.

Дел од пепелта на актерот од „Star Trek“ Џејмс Духан во 2008 година беше испратен во вселената, а на сличен потег се одлучиле и семејствата на неколкумина астронаути и научници.

Ова ќе биде трето лансирање на Falcon Heavy во орбитата. Досега имаше две мисии – првата во февруари, 2018 година кога го „испорача“ Teslа Roadster на Елон Маск во вселената, а втората мисија беше во април годинава кога беше лансиран сателитот за комуникации Arabsat 6A. Утре ќе биде првото ноќно лансирање на Falcon Heavy.

Коментирај