Крилото Иван Перишиќ се врати во Интер. Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик изјави дека Баварците се откажуваат од опцијата за купување на правата на 31-годишниот Хрват.

Перишиќ минатата сезона ја помина во Германија на позајмица. Баерн му плати на Интер 5 милиони евра и можеше да го откупи играчот за 20 милиони. Сепак, Германците се обидоа да ја намалат големината на трансферот, но клубовите не постигнаа договор.
Минатата сезона Перишиќ одигра 35 натпревари, постигна 8 гола и направи 10 асистенции.
И другите двајца, кои беа отстапени на „Алијанц Арена“ – Филипе Кутињо и Алваро Одриосола, исто така се вратија во своите тимови, односно во Барселона и Реал Мадрид.