Кошарка

Перо Антиќ е најдобар македонски кошаркар

26. декември 2017 - 10:58 | А.С.

Македонската кошаркарска федерација му ја додели наградата Најдобар кошаркар на првотимецот на Црвена ѕвезда Перо Антиќ.

Антиќ, кој игра на позиција крилен центар, не присуствуваше на свеченото доделување на наградите бидејќи истата вечер играше со Ѕвезда против Мега, како дел од АБА лигата.

Пред да се врати во редовите на Ѕвезда, Антиќ летово играше за Фенербахче со кој станаа прваци на Турција и на Европа.

За најдобра кошаркарка во Македонија беше прогласена Јелена Антиќ, МЗТ е најдобар машки клуб, а Бадел најдобар женски кошаркарски клуб за 2017 година.

Листа на добитници на награди:

Најдобар кошаркар

Перо Антиќ (Фенербахче/ Црвена Звезда)

Најдобра кошаркарка

Јелена Антиќ (Лулеа/ Висла Кенпак)

Најдобра машка екипа (сениори)

МЗТ Скопје Аеродром

Најдобра женска екипа (сениорки)

Бадел 1862

Најдобра машка екипа (младински)

Вардар

Најдобра женска екипа (младински)

Бадел 1862

Тренер на женска екипа (младински)

Анета Глигорова (Бадел 1862)

Тренер на машка екипа (младински)

Денис Дервишевиќ (Феникс 2010)

Тренер женска екипа (сениорки)

Бранко Андриевски (Вардар)

Тренер машка екипа (сениори)

Љупчо Малинков (Фени Индустри)

Млад кошаркар

Дамјан Крстевски (Работнички, Репрезентација до 18 години)

Млада кошаркарка

Тијана Митрева (Мерцедес Алгеро, Репрезентација до 16 години)

Најдобар судија

Алија Феревски

Коментирај