Уште еден успех

Perseverance произведе кислород на Марс

Роверот на НАСА повторно се запиша во историјата. Роботското возило претвори јаглерод диоксид од атмосферата на Марс во кислород, што е прв таков случај на друга планета.

„Ова е пресуден прв чекор во претворање на јаглерод диоксид во кислород на Марс, рече вчера Џим Ројтер, еден од помошниците директори на НАСА.

Технолошката демонстрација се случи на 20 април, а НАСА се надева дека идните верзии на експерименталниот систем ќе му помогнат на човекот еден ден да користи трансформиран кислород од Марс.

Ова може да им помогне на астронаутите кои би оделе на мисија на Марс да избегнат носење поголеми количества кислород за потоа да се вратат на Земјата.

Експериментот е извршен со помош на специјалниот уред The Mars Oxygen In-Situ Resource Utilization Experiment (MOXIE), што е, всушност, налик на кутија со големина на акумулатор, сместен на предната страна на роверот.

 Користи електрична енергија и хемиски процеси за да ги оддели молекулите на јаглерод диоксидот, правејќи кислород од една страна и јаглерод моноксид од друга страна.

Во првиот обид MOXIE произвел пет грама кислород, што е доволно астронаутот да дише 10 минути во нормални услови. 

Инженерите на НАСА ќе спроведат дополнителни тестови и ќе се обидат да го зголемат производството.

Remote video URL
Тагови
реклама

Како Израел со децении ја презема територијата на Палестина?

Read more

Интересот за вакцинација се зголемува, вчера вакцинирани 14.976 граѓани

Read more

Ескалираа судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 мртви

Read more

Кладилничарски идиот на денот

Read more

Наука

Некои вируси имаат различна ДНК која содржи вонземски дел

Read more

Рак на дојка може да се лечи без хемотерапија, тврдат шпански научници

Read more

Пловечка соларна платформа отпорна на урагани станува нов извор на обновлива енергија

Read more

Како САД ја победија Русија во трката за вселената?

Read more
 

Гик

Некои вируси имаат различна ДНК која содржи вонземски дел

Читај повеќе

САД ја тргаат Xiaomi од владината црна листа

Читај повеќе

Рак на дојка може да се лечи без хемотерапија, тврдат шпански научници

Читај повеќе

Пловечка соларна платформа отпорна на урагани станува нов извор на обновлива енергија

Читај повеќе

Boeing 737 Max повторно под лупа поради нови проблеми

Читај повеќе
  • play_arrow

Како САД ја победија Русија во трката за вселената?

Читај повеќе

Facebook воведува ново правило за споделување вести

Читај повеќе

Apple работи на сопствена конзола за видеоигри

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Чао Бену: Леталото Osiris-Rex се враќа на Земјата со примероци од астероидот

Читај повеќе