Перу без капитен: Гереро поради кокаин го пропушта Светското првенство

Капитенот на репрезентацијата на Перу Паоло Гереро ќе го пропушти Светското првенство во Русија, откако доби едногодишна суспензија поради користење на кокаин, објави ФИФА.

Напаѓачот на бразилскиот Фламенго падна на допинг тест на 5 октомври после натпреварот со Аргентина во квалификациите за Мундијалот, а потоа 30 дена беше надвор од фудбалот пред новата казна.

Овој 33-годишен фудбалер нема да игра се до 3 ноември следната година, што значи дека нема да може да и помогне на репрезентацијата во првиот настап на Светско првенство после цели 36 години.

Гереро постигна пет погодоци во претходните квалификации и даде голем придонес во пласманот на Перу на шампионатот во Русија, каде стигна преку бараж, но без него во натпреварот против Нов Зеланд.

Поранешниот фудбалер на Баерн, Хамбург и Коринтијанс негираше дека користел недозволени средства, но ФИФА му изрече забрана врз основа на резултатите од допинг тестот.

Перу на Мундијалот ќе игра во група Ц со Франција, Австралија и Данска.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе