Перуански археолози открија околу 30 гробови што датираат од пред времето на Инките, на гробишта што им припаѓаат на народот Чанкај, група која ги населувала долините на централниот брег на Перу од 1000 до 1500 година.

Новооткриените гробови стари 800 години им овозможија на експертите да научат повеќе за малку проучената култура на Чанкај, изјави за Reuters археологот од Универзитетот во Сан Маркос, Пjeтер Ван Дален.

Археолозите од Универзитетот во Сан Маркос работат на гробница што припаѓа на предколумбиската култура Шантај, пронајдена на гробишта на планината Макатон во северно-централната долина Хуарал, Перу.

„Во последната година откривме повеќе од 2.000 ископини на различни гробишта од културата Чанкај“, додаде тој.

Снимки покажуваат како археолозите на гробиштата чистат прашина од вазни со различни форми.

Откопаните гробови им припаѓале на луѓе од различни општествени класи, според Ван Дален, кој истакна дека некои биле пронајдени до пет метри под површината и припаѓале на елитата на народот Чанкај.