Пешачка медитација - најголемиот фитнес тренд за 2021 година

А.С.
/ 21.07.2021 / 17:22

Не мора да бидете совршено смирени за да го доведете вашето тело во состојба на целосен мир и хармонија. Се чини дека е можно да медитирате и при движење.

Многу форми на движење можат да бидат медитативни, а тоа вклучува одење, возење ролери и многу повеќе.

Пешачката медитација е физички активен начин на медитација.

„Дизајнирана е да ги синхронизира телото и умот и да ни даде шанса да се поврземе со природата и околината“, вели тренерот Веилин Ву.

Наместо да медитирате со затворени очи во вашата соба или на тераса, излезете и согорувајте калории додека сте фокусирани на вашето тело и дишете.

„Медитацијата во движење во основа значи да се фокусираш на она што го правиш во моментот, а не на твојата цел или дестинација“, објаснува Bustle.

На пример, фокусирајте се на земјата под вас.

„Бидејќи телото е во движење, фокусот станува движење на телото, а не на умот“, додава менаџерот за програмирање апликации за медитација Вилијам Фаулер.

Инструкторот по јога Рос Рејбурн се согласува дека медитацијата со пешачење е одличен начин да се заобиколат дразбите што се јавуваат при нормална медитација, односно во моментот кога ќе ги затворите очите.

Ву вели дека десеминутна сесија еднаш неделно е доволна за да го задржите стресот подалеку вас.

„Пронајдете место каде што ќе можете мирно да одите без премногу расеаност. Започнете да одите, фокусирајте се на сегашноста, на вашето физичко движење, на вашата околина и одете“, советува тој.

Можете исто така да ставите слушалки во ушите и да слушате подкасти за медитација.

Пешачката медитација има придобивки како што е елиминирање на стресот и наплив на ендорфин. Покрај тоа, тоа ќе ве исполни со енергија и ќе ви помогне да останете во форма и да бидете во склад со себе и со вашите чувства.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фит

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе