Песимизам околу спроведувањето на Олимпијадата во 2021 година

Токио, 20 април 2020 (МИА) – Олимписките игри во Токио се одложени до 2021 година, но според голем број експерти, не е сигурно дали ќе се одржат ни следното лето.

Ова се должи на немањето вакцина, што може да ги спречи спортистите и гледачите да се соберат во големи групи.

Според американскиот епидемиолог Зак Бини од универзитетот „Емори“, одржувањето на Олимпијадата би претставувало настан со „уникатен ризик“.

– Кога зборуваме за враќање на спортот на полни стадиони, секогаш мислам дека може да се случи само кога ќе имаме вакцина. Секој што се додава на група го зголемува ризикот. Кога зборуваме за стадион со 50, 70 или 100 илјади луѓе на трибините, ова е неверојатно висок ризик од ново масовно ширење на инфекцијата, вели Бини, кој очекува создавањето на вакцината да одземе уште една и пол година.

Друг научник, Џејсон Киндрачук, експерт за заразни болести на Универзитетот во Манитоба во Канада, покажа малку оптимизам дека вакцината ќе се создаде во текот на следната година, но тој исто така рече дека е малку веројатно дека натпреварите би можеле да се одвиваат нормално следното лето.

– Вакцинацијата на сите ќе ги стави здравствените системи на граница. Вакцината мора да се стави не за времена Игрите, туку неколку месеци порано за да може да се изградат антитела, рече Киндрачук.

Најголем песимист за домаќин на Олимпијадата во Токио е јапонскиот професор Кентаро Ивата од универзитетот Коби. Според него, земјата може ќе ја контролира инфекцијата, но тоа нема да важи за сите земји низ целиот свет.

– Мислам дека Олимпијадата нема да се одржи следната година, ако е можно некога да се биде домаќин на нив. Дури и ако Јапонија се справи со коронавирусот и го контролира нејзиното ширење, не мислам дека ќе биде ситуацијата иста во сите земји во светот. Тоа се два услови што мора да бидат исполнети ако сакаме да имаме Олимпијада, рече Ивата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе