Песков до Украинците во Курск: Времето ви истекува

Времето истекува за украинските сили кои се борат во руската област Курск, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Понудата да се поштедат животите на украинските војници сè уште е на маса, изјави Песков за руската државна новинска агенција ТАСС, но таа нема да трае вечно.

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од неговиот руски колега Владимир Путин да ги поштеди животите на украинските војници за кои се верува дека се опколени во Курск. Путин, кој нареди инвазија на Украина во февруари 2022 година, се согласи да ги поштеди животите на Украинците од „хуманитарни причини“, но побара раководството во Киев да им нареди на своите војници во регионот Курск да го положат оружјето и да се предадат.

Руското Министерство за одбрана соопшти претходно денеска дека руските сили ја вратиле контролата врз селата Рубаншчина и Заолешенко во областа Курск, пренесува Reuters.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски индиректно призна дека војската ќе мора да се повлече од областа.

„Ситуацијата е многу тешка. Можам само да им се заблагодарам на нашите борци за оваа операција, која ја исполни својата задача“, им рече Зеленски на новинарите.

Украина донесе војна на руска територија со ненадеен напад во август минатата година. Првичното оправдување за потегот беше можноста за размена на дел од областа за окупирани украински територии во случај на преговори со Русија. Русија ги засили напорите да ја истера украинската армија од Курск, која зазеде околу 100 тамошни населби.

реклама

Свет

Руски дрон нападна автобус со цивили во Украина, 10 мртви

Read more

Кој го води Ватикан до изборот на следен папа?

Read more

Турција забрани царски рез во приватните клиники

Read more

Маск ја среди администрацијата на Трамп, па ќе се посвети на Tesla

Read more
 

Вести

Руски дрон нападна автобус со цивили во Украина, 10 мртви

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Колку милиони евра однесоа Заев и Филипче во Дубаи?

Читај повеќе

Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

Читај повеќе

Рекордно ниски цени на горивата во Америка

Читај повеќе

Кој го води Ватикан до изборот на следен папа?

Читај повеќе

Судот ја одби гаранцијата од милион евра на Асмир Јахоски

Читај повеќе

Турција забрани царски рез во приватните клиники

Читај повеќе

Маск ја среди администрацијата на Трамп, па ќе се посвети на Tesla

Читај повеќе

Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Читај повеќе