Песков откри како го чуваат Путин од корона вирусот

„Претседателот на Русија е безбеден од смртоносната зараза“, тврди Димитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Песков вели дека се преземени сите мерки за заштита на Путин од смртоносниот вирус од кој досега починаа над 3.000 луѓе, а заболени се над 93.000 лица.

„Направено е сè што е неопходно за да се спречи вирусот Covid-19 да дојде во близина на претседателот. Говориме за вообичаени превентивни хигиенски мерки кои може да ги примени секој граѓанин на Руската Федерација“, изјави Песков.

Инаку, во Русија повеќе од еден месец никој не може да влезе во Кремљ без претходно да му биде измерена температурата. Во екот на заразата, кога вирусот рапидно се шири низ светот, во Русија се регистрирани само 6 случаи.

Еден од нив е сместен во Москва, станува збор за патник вратен од Италија. Властите во Москва велат дека заразениот покажува благи симптоми и неговата состојба е стабилна.

Преземени се и нови мерки, Русија забрани извоз на маски и медицински производи како антивирусни лекови. Забраната важи до 1 јуни. Од вчера е воведена и построга контрола на патниците во руското метро.

Откажани се и многу настани во училиштата. Владата исто така презеде мерки за спречување на странски државјани да ја посетуваат Русија од земјите во кои има најмногу инфицирани лица, пренесува Russia Today.

До 4 март, во светот има 39.312 активно потврдени случаи на заразени со вирусот. 51.058 луѓе закрепнале, додека 3.204 лица починале.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Свет

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе