Песков: Тврдењата на Навални за Путин се навредливи и неприфатливи

Тврдењата на рускиот опозиционер Алексеј Навални за претседателот Владимир Путин се навредливи и неосновани, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тврдењата на Навални дека рускиот претседател наводно бил поврзан со инцидентот со „труење“.

Коментирајќи го интервјуто на Навални за Spiegel, во кое тој зборува за Путин, Песков вели дека „оваа реторика која се граничи со навреди е познато средство за оние кои сакаат да се стават на рамноправно ниво со шефот на државата и тврдат дека учествуваат во некоја политичка борба“.

– Вистинските ривали на претседателот во политичката борба се други луѓе и сили, тие не се квази и маргинални, туку вистинска опозиција. Затоа, не сметаме дека е можно да учествуваме во каква било дискусија во иднина и нема да коментираме или да даваме изјави за ова прашање, нагласи Песков.

Тој додава дека Русија се обидува да го испита случајот и да ги утврди причините за инцидентот.

Песков повтори дека за тоа Русија треба да добие информации од оние кои откриле траги на труење во примероците на Навални, односно од германски лекари.

Зборувајќи за плановите на Навални да се врати во Русија, портпаролот на Кремљ истакна дека „секој руски граѓанин може да се врати дома во секое време и во тоа нема херојство“.

– Тие можат да бидат подложени на третман во нашата земја и речиси сите луѓе го прават тоа. Во нашата земја се спасуваат животи и животот на овој пациент исто така е спасен во Русија, рече Песков. 

реклама

Зошто коронавирусот е толку опасен за човечкиот организам?

Read more

Осум знаци кои укажуваат на недостаток на витамин Д во организмот

Read more

Германија затвора сè, освен градинките и училиштата

Read more

Храна која е богата со витамин Д

Read more

Свет

Се буди вулканскиот масив на Камчатка

Read more

Продолжуваат протестите поради рестриктивните мерки во Берлин, протест и во Прага

Read more

Се уриваат рекорди со бројот на заразени од COVID-19

Read more

Купуваат лажни негативни тестови за да можат да патуваат

Read more

Вести

  • play_arrow

Се буди вулканскиот масив на Камчатка

Читај повеќе

Носењето маска на отворено ќе стане задолжително и со закон, а групирањата се ограничуваат

Читај повеќе

Шахпаска: Се следи состојбата во градинките, засега e под контрола

Читај повеќе

Позитивен наставник на коронавирусот изолира колега и 22 ученика во Кавадарци

Читај повеќе
  • play_arrow

Продолжуваат протестите поради рестриктивните мерки во Берлин, протест и во Прага

Читај повеќе

Позитивните ги кријат своите контакти, велат од ЦЈЗ Куманово

Читај повеќе

Советот за безбедност утре ќе расправа за состојбата со COVID-19

Читај повеќе

Два нови македонски брендови кои целат кон светскиот пазар

Читај повеќе

Се уриваат рекорди со бројот на заразени од COVID-19

Читај повеќе