Песков: Значаен дел од Украина веќе стана дел од Русија

Макфакс
/ 11.02.2025 / 12:47

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека значителен дел од Украина би сакал да стане дел од Русија и дека, според ситуацијата на теренот, тоа веќе се случило.

„Факт е дека значителен дел од Украина сака да стане Русија и дека тоа веќе се случи“, рече Песков, пренесе ТАСС.

Тој изјави дека четирите нови руски региони се доказ за тоа тврдење, додавајќи дека луѓето и покрај ризиците на референдумот гласале за приклучување кон Русија.

Трамп претходно во интервју за Fox News изјави дека Украина може да стане дел од Русија и дека САД би можеле да бараат враќање на парите инвестирани во Украина, во форма на ретки метали во вредност од околу 500 милијарди долари.

„Можеби ќе има договор меѓу Русија и Украина, а можеби и не. Украина еден ден може да биде руска, или можеби не“, рече Трамп.

Песков рече и дека цитирањето на Трамп на рускиот претседател Владимир Путин не може да се смета за сигнал за приближување меѓу Русија и САД.

Песков одговори на објавата на Трамп на социјалната мрежа Truth Social, во која тој сподели линк од изјавите на Путин за европските елити, нагласувајќи дека тоа повеќе ја одразува политичката агенда на Трамп отколку вистинска промена во односите меѓу двете земји, пренесе РИА Новости.

Тој нагласи дека контактите меѓу Русија и САД се интензивирани преку одредени канали и дека е важно изјавите на Путин да се анализираат и во Вашингтон, за подобро да се разбере руската позиција.

Во врска со наводното доаѓање на американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф во Москва, Песков рече дека Кремљ нема информации за таа посета.

реклама

Ѕвезди кои го користат OnlyFans за дополнителен приход: Многу актерки и пејачки ги изненадија обожавателите

Read more

Колку гориво трошите кога возите со 160 км/час во споредба со 100 км/час?

Read more

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Read more

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Свет

Путин: Немаме докази оти Иран сака нуклеарно оружје, му кажувавме на Израел

Read more

Што е теоријата Пентагонска пица?

Read more

Нов бран израелски напади во Иран

Read more

Што се пренесуваше на трите мистериозни кинески летови кон Иран?

Read more
 

Вести

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Читај повеќе

Левица: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од ВЛЕН добило 9.000 евра од Општина Чаир

Читај повеќе

Путин: Немаме докази оти Иран сака нуклеарно оружје, му кажувавме на Израел

Читај повеќе

Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: Tетовец возел 190 км/ч, а дозволено е 80

Читај повеќе

Во Охрид се одбележува Денот на Охридското Езеро

Читај повеќе

Што е теоријата Пентагонска пица?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов бран израелски напади во Иран

Читај повеќе

Земјотрес во Охрид

Читај повеќе

Сончево време со температура до 33 степени

Читај повеќе