Песната на Енцо против Французите стана хит за навивачите на Ривер Плејт

Синоќа на славниот „Монументал“ се играше натпревар од аргентинската лига во кој Ривер Плејт го пречека Ланус, а на полувремето имаше спектакл кога Енцо Фернандес во белиот дрес со црвена лента излезе од тунелот да ги поздрави навивачите.

Ривер Плејт е клубот каде Енцо Фернандес ја почна својата кариера уште во младинските категории, а три години играше и за првиот тим пред летото 2022 да се пресели во Бенфика. Само 6 месеци подоцна, по одличните игри на Мундијалот во Катар, премина во Челси.

Синоќа Енцо се врати да ги поздрави своите навивачи на „Монументал“, каде играше неговиот поранешен клуб Ривер Плејт. Навивачите громогласно го поздравија аргентинскиот херој и застанувајќи во негова одбрана по скандалот со песната што тој и дел од неговите соиграчи ја пееја на прославата по повод освојувањето на Копа Америка 2024, ја запеаја токму контроверзната песна во која се исмеваат фрнацуските фудбалери кои се деца на африкански имигранти.

„Играат за Франција, но нивните родители се од Ангола. Мајка им е од Камерун, а татко им е од Нигерија. Во нивниот пасош пишува Франција“, пееја навивачите на гигантот од Буенос Аирес.

Цела Аргентина се обедини во одбрана на Енцо Фернандес, а јавно поддршка му даде и потпретседателката Викториа Вижаруел, која истѕакна дека „нема колонијалисти да ни кажуваат што да пееме“, алудирајки на колонијалната експлоатација на Франција во Африка.

Претходно Фернандес се извини за пеењето.

реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

Фудбал

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Read more

Алаба го напушта Реал

Read more

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Read more

Меси купи клуб во Каталонија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе

Снајдер: Не е крив судијата, Камавинга е идиот!

Читај повеќе
  • play_arrow

Претседателот на УЕФА е во Скопје, се сретна со премиерот Мицкоски и ФФМ претседателот Омерагиќ

Читај повеќе