Песочна бура погоди град во Квинсленд, Австралија, носејќи облак од црвена прашина која го проголта местото.
Бурата, носејќи ветрови со брзина од 109 километри на час, погоди град во северозападен Квинсленд. Лим Шо, жител на градот кој се преселил пред 8 години, вели дека станува збор за најголемата песочна бура што ја видел досега.
„Песочните бури се вообичаени, но доста помали. Оваа досега е најголемата што сум ја видел откако живеам овде. Малку ме исплаши“, вели Шо.
Жителите на градот останале во домовите, подготвувајќи се за најлошото.
„Брзо ги затворивме вратите и прозорците, проверивме дали е се врзано и чекавме да летаат покривите. На некои луѓе им беа оштетени домовите, не беше баш наивно’, објаснува Шо.