Се ближиме до крајот на 2023 година, а производителите веќе кажаа кои модели нема да ја дочекаат следната година.
Овде дадовме краток преглед, односно само пет модели кои или повеќе нема да се произведуваат, или нивниот модел од 2024 година ќе биде последен во серијата.
Пишете ни во коментар дали сме испуштиле некој модел од листата, како и кој најмногу ќе ви недостига.
Audi по 17 години се збогува со спортскиот модел R8. Се базира на моделот Lamorghini Gallardo, а првиот прототип се појави на саемите во Женева и Франкфурт во 2003 година. Официјално беше претставен во 2006 година во Париз.
Audi TT заминува во историјата по цели 25 години. Овој спортски автомобил опстојуваше две и пол децении, откако производителот одлучи дека неговото време истече. Последниот модел во Велика Британија ќе биде Final Edition, додека во САД проштален модел е RS Heritage Edition.
Седмата генерација на Fiesta сè уште може да се најде во Европа, но на тоа завршува оваа година. Ford планира да ја замени Ford Fiesta со нова, 100% електрична верзија на кросоверот Puma.
Овој автомобил се продава на глобално ниво од 1999 година, а моделот од 2024 година ќе биде последен од ваков вид. Интересно е што тој е еден од најевтините автомобили во САД, со почетна цена од околу 18.000 долари.
Оваа година ќе биде последна за C-Class, и за кабриолет и за купе верзиите. Минатата година класата А влезе во историјата, а се чини дека оваа линија на автомобили на Mercedes нема да опстане ниту во 2023 година.