Летото завршува и време е да размислуваме за есенската мода и претстојните трендови. Кои бои ќе бидат во тренд оваа есен?
Розова
Точно е дека светлите и топли нијанси се резервирани за пролетта, но понекогаш треба да ја разбиеме монотонијата и да внесеме свежина во есенските денови.
Темно зелена
Одличен избор доколку сакате да го освежите изгледот.
Сина
Сите нијанси на сината боја дефинитивно мора да бидат присутни во вашиот гардеробер оваа есен.
Портокалова
Оваа боја е во тренд секоја есен. Може да ја комбинирате како што ќе посакате.
Темно црвена боја
Ќе изгледате женствено и модерно во кошули, џемпери или со детали во оваа боја.