Легендарниот голман Петр Чех откри од кого се плашел од редовите на Манчестер Јунајтед, дури и во неговите најславни денови…
„Вејн Руни, отсекогаш бил тој. Кога игравме против Јунајтед, тој беше вистински кошмар. Можеше да ме лобува од половина терен, беше немилосрден. Тој е секогаш агресивен во пресингот, никогаш не се откажува и не ви дава ниту момент“, изјави поранешниот голман на Челси и Арсенал и додаде: „Дури и тренерот на голманите секогаш ми го потенцираше Руни. Има многу начини да си играте со противниците и да им го нарушите ритамот, но најдобрите секогаш успеваат да најдат начин да се справат со тоа. Токму затоа сакав да се натпреварувам во Лигата на шампионите и во Премиер лигата“.
Чех и Руни во кариерата се сретнале 27 пати, а најдобриот напаѓач во историјата на „Црвените ѓаволи“ славел 10 пати. Чешкиот голман триумфирал во 11 наврати, а 6 дуели завршиле без победник.
Поранешниот менаџер на Плимут му има дадено 10 голови на сегашниот голман на хокеарскиот клуб Оксфорд Сити Старс, од кои 7 во Премиер лигата. Ниту еден друг играч не постигнал толку голови против Чех.