Пет држави кои му се враќаат на животот како пред пандемијата

Кајгана
/ 17.09.2021 / 08:10

По 18 месеци од почетокот на пандемијата, Данска, Сингапур, Чиле, Јужна Африка и Тајланд се државите кои настојуваат да му се вратат на нормалниот начин на живот и да ги укинат рестриктивните мерки.

Данска

Од 10 септември, во Данска се укинати сите рестриктивни мерки, оценувајќи дека коронавирусот повеќе не е критична закана за општеството. Граѓаните можат да посетуваат угостителски објекти и ноќни клубови без ковид пропусници. Во јавниот превоз не е потребно да носат заштитни маски. Дозволени се собири без никакви ограничувања. За ова придонесе и вакцинацијата - до 13 септември целосно е вакцинирано 74% од населението.

Сингапур

Во Сингапур одлучија дека против пандемијата ќе се борат исклучиво со вакцинација. Епидемиолошкит емерки од јуни годинава не се применуваат. Ставот е дека коронавирусот никогаш нема да исчезне, но и покрај тоа може нормално да се живее.

Тајланд

Во минатата година беа регистрирани мал број на заболени во оваа држава, а тоа беше последица на рестриктивните епидемиолошки мерки. Најавено е дека од наредниот месец земјата повторно ќе се отвори за странски туристи, иако целосно се вакцинирани само 21% од населението.

Јужноафриканска Република

Јужноафриканските власти најавија дека ќе ги ублажат епидемиолошките мерки кои подразбираа физичка дистанца и забрана за собири на поголем број луѓе. Претседателот нагласи дека сега имаат доволен број на вакцини за возрасното население. Но, во оваа држава бројот на вакцинирани е мал, па претседателот ги повика граѓаните да се вакцинираат.

Чиле

Во Чиле е целосно вакцинирано 87% од населението, а во меѓувреме се планира и вакцинација со трета доза. Одобрена е вакцинација и на децата постари од шест години со вакцината на Синовак. И Чиле планира да се отвори за странските туристи.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Read more

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе