Пет есенски трендови што мора да ги пробате

Уличниот стил на модните недели ширум светот се најдобар показател за тоа што ќе биде тренд во актуелната сезона. Сѐ она што модните куќи го покажаа во нивните ревии на есенските колекции минатата сезона наоѓа своја практична верзија онаму каде што модата е најважна – на улиците.

Модните икони и трендсетерки го преплавија Instagram со нивните омилени есенски комбинации и од нив ги извлековме најинтересните трендови што мора да ги пробате оваа есен.

Животински принт

Покрај традиционално есенските карирани дезени, животинските принтови се задолжителни оваа есен. Носете ги како доминантен принт во вашиот колоритно неутрален аутфит, а похрабрите може да пробаат и целосна комбинација со животински принт.

Комбинезон

Комбинезоните не се веќе резервирани само за во лето или како моден избор за свечена прилика. Моделите со ракави инспирирани од работничките комбинезони ќе бидат најголем хит оваа есен, а може да изберете и класичен џинс модел со прерамки. Најдобро од сѐ е што со комбнезонот ви е „решена“ целата комбинација – ви останува уште да изберете одлични обувки и кул горен дел како кратка јакна или мантил.

Фустан со висок шлиц

Она што го обожаваме кај уличната мода е фактот дека нема правила. Фустаните со висок шлиц што беа симбол на летните и свечените комбинации сега добија есенска верзија и изгледаат подеднакво секси. Фустаните од лесни и лелеави материјали комбнирајте ги со „груб“ плетен џемпер за да им дадете бохо шмек или изберете фустан со долги ракави од потопли материјали и блеснете како кралица на есента.

Каубојски чизми

Каубојските чизми се веќе специфични и лесно воочливи сами по себе, па дозволете да бидат центарот на внимание во вашиот есенски аутфит. Има само едно „правило“ – колку пооткачени, толку подобро!

Проѕирен мантил

Мантилот е задолжително есенско парче то оваа сезона добива нова димензија. Дождливите денови ќе ви бидат многу помодерни ако комбинацијата ја заокружите со мантил од PVC или други провидни материјали. Ќе бидете заштитени од дождот и ќе изгледате супер тренди и модерно.

реклама

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе