Пет факти за Областа 51 што треба да ги знаете

Областа 51 (Area 51) важи за едно од најмистериозните места во светот, за кое има бројни теории на заговор, најчесто поврзани со вонземски живот. Многу од теориите веќе сигурно ги знаете, па подоле прочитајте неколку точни и проверени факти за Областа 51.

1. Ова е едно од најтаинствените места во светот

Областа 51 или воената воздухопловна база на САД, која не беше официјално призната од власта сè до 2013, се наоѓа во Јужна Невада. Многу малку се знае за оваа област, па не е изненадување што привлекува теоретичари на заговор. Задачата на ЦИА е да направи сè за да ја заштити оваа област. Уште во 70-те години било забрането да се прават сателитски снимки на локацијата - единствената во САД со ваква забрана. Но и покрај тоа што е таинствено место, наводно не е заштитена со ништо освен ниски шипки и подземни сензори.

2. Била наречена „рајски ранч“ за да се привлечат работници

Оваа пустина исполнета со песок и прашина, оддалечена километри од било што друго, некогаш била наречена „рајски ранч“ со цел да се привлечат вработени на базата. Уште во 1961-та, областа веќе наликувала на мал град: со фитнес сали, спортски игралишта, кино сали и слично. 

3. За Областа 51 не важат законите за екологијата

Кога станува збор за хемикалии во околината, Областа 51 е слободна да прави речиси што сака бидејќи законите и правилата на САД не важат за истата - според нив, националната безбедноста е поважна. Градежни работници кои работеле во близина на областа, пробале да тужат поради високо количество на токсични материјали со потекло од Областа 51. Повеќе работници добиле сериозни нарушувања на здравјето, а дел од нив починале. Законски, требале да одговорат со контра-докази, но претседателите Клинтон и подоцна Буш им дале „претседателско помилување“ со кое дозволиле областа да се воздржи од споделување на информации за работата таму, што потоа влијаела на околината. Очигледно таинственоста на работата во Областа 51 е поважна од животите на цивилите.

4. Поранешни вработени во Областа 51 потврдија дел од теориите на заговор

Неколку поранешни вработени во Областа 51 потврдија дел од теориите за заговор. Еден од нив тврди дека работел на вонземско летало, друг вели дека работел на симулатор на летачка чинија со вонземјанин - со кого комуницирал телепатски. Трето лице тврди дека работел на развивање на биолошко оружје, од вонземска ДНК. Поради таинственоста на областа како и документацијата за нивните вработени, ниту едно тврдење на овие луѓе не можеше да се потврди, па дури ни дека воопшто работеле таму. 

5. Повеќето од пријавените забележувања на НЛО се програмата Оxcart

Областа 51 е воената база во која се правеа и тестираа сите тајни воени летала на американската армија, кои се чуваа во тајност од јавноста и другите држави. Забележувањата на НЛО од страна на луѓе во околината, беа со најголем интензитет во 50-тите и 60-тите години на минатиот век.

Истражувањата и инфомациите кои подоцна беа пуштени во јавнота, овие НЛО се поврзуваат со прототипот на она што подоцна стана воениот авион Lockheed A-12, дел од програмата Оxcart на ЦИА.

Формата на авионот наликува на диск, а одблесокот од титаниумскиот материјал правел да изгледа премногу модерно за тоа време - општото верување е дека од тие причини луѓето го доживувале како вонземско летало. Датумите на пријавените забележувања на НЛО, ЦИА подоцна ги поврза со тест летовите на овој авион и други прототипи. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Читај повеќе