Пет грешки поврзани со сексот кои ги прават жените

Сексот е сличен на готвењето вечера за некого – можете да робувате со часови во кујната, но доколку крајниот производ не му се допаѓа на оној за кој е наменет, тогаш ништо од тоа нема смисла.

Секако дека не постои магична формула која ќе го подобри сексуалниот живот кај сите, но постојат начини да се отстранат грешките кои го убиваат сексуалниот нагон кај партнерот и со нивно елиминирање вашиот сексуален живот може да стане многу подобар.

Одбивање да се зборува за секс

Замислете дека вашиот партнер секогаш одбира што ќе гледате на телевизија и каква музика ќе слушате. Нема да ви биде сеедно, нели? Како може да знаат што ви се слуша на вас или пак која серија сакате да ја гледате?
Истото важи и за сексот. Не можете да одлучите дали некоја од работите кои ги правите во креветот му се допаѓа на вашиот партнер или не. Затоа е најдобро да зборувате за тоа, и тоа редовно.

Преувеличување на еректилни проблеми

Мажите се луѓе, а не машини. Пенисот на вашиот партнер е направен од крв и месо, па и тој некогаш може да се соочува со проблеми. Еректилните проблеми не се работа со која треба да се шегувате, но исто така, тие се проблем кој може да се исправи. Во голем дел од случаите, тие се причинети од прекумерно пиење, замор или стрес. Поради тоа, направете вашиот партнер да се чувствува удобно, наместо да паничите и да креирате поголем проблем.

Апстиненција од мастурбирање

Мастурбацијата не само што е начин да се одржи телото во форма, туку тоа и го одржува сексуалниот нагон на високо ниво (колку повеќе оргазми доживува организмот, толку повеќе сака да ужива во сексот).

Одбивањето на нови работи

Моногамијата е тешка. Водењето со љубов со една личност подолг период знае да биде досадно ако не пробувате нови работи. Опуштете се и дозволете си да пробувате нови работи, не се ограничувајте на истиот секс кој сте го имале со години.

Одбивањето на орален секс

Оралниот секс е една од најзадоволувачките работи кои можете да ги направите во спалната соба и затоа не би било во ред доколку го одбиете вашиот партнер за орален секс, без разлика дали сака да добие или да даде орално задоволство.

реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе