Пет јасни знаци дека мора итно да почнете со слабеење бидејќи ви е загрозено здравјето

Кои се симптомите на гојазност и како да знаете дека прекумерната тежина го загрозува вашето здравје?

За повеќето луѓе гардеробата е најдобар показател дали се здебелиле некој килограм повеќе. Доколку панталоните почнат да ве стегаат на половината или сте принудени да го олабавите ременот при закопчување, време е за диета!

Сепак, постојат некои други показатели кои укажуваат дека телото ви страда од вишокот килограми и дека ситуацијата е многу посериозна и поопасна од обичен нарушен физички изглед.

Како да знаете дека треба да слабеете?

Зголемувањето на тежината не секогаш значи дека има проблем со дебелината. Се случува и бројката на вагата да остане во нормални граници, но телото веќе почнало да „трпи“. Како, тогаш, знаете дека е неопходно да се слабее? Според нутриционистот Марина Паниди, треба да обрнете внимание на пет важни знаци кои укажуваат дека е време за диета.

1. Нарушување на сонот

Квалитетот на сонот е директно поврзан со начинот на живот и телесната тежина. Значи, ако одеднаш почнете да 'рчите, имате утрински главоболки, често се будите навечер или устата ви е сува наутро кога ќе станете, тоа значи дека дебелината ви го загрозува здравјето.

2. Болка во зглобовите

Вишокот тежина го зголемува оптоварувањето на зглобовите и на целиот мускулно-скелетен систем. Затоа, при првиот знак на болка во колената и зглобовите, итно сменете ја исхраната и почнете да вежбате наутро.

3. Зголемено потење

Дебелината и прекумерната тежина многу често предизвикуваат зголемено потење. Доколку забележите дека обилно се потите со минимални оптоварувања, како на пример додека бришете прашина, побарајте помош од нутриционист кој ќе ви препише здрава и диетална исхрана.

4. „Појас“ на стомакот

Ова е знак на висцерални масти, кои се и најопасниот вид на маснотии во човечкото тело. Ако обемот на половината е над овие вредности - за жени над 80 см, а за мажи над 94 см, тоа укажува дека е нарушено здравјето и дека е зголемен ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

5. Стрии на кожата

Стриите на кожата најчесто се јавуваат кај трудници, адолесценти во период на брз раст и бодибилдери. Доколку не спаѓате во ниту една од овие групи, тогаш тоа укажува дека пребрзо се дебелеете и дека има проблем. Време е за диета или зголемена физичка активност.

Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Здравје

Како да ги препознаете првите знаци на чир на желудникот?

Read more

Еден вид болка може да биде првиот знак за рак на дебелото црево

Read more

Кои витамини (не) треба да ги земате пред спиење?

Read more

Нов тип дијабетес: Од него боледуваат најмалку 20 милиони луѓе

Read more
 

Магазин

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Читај повеќе

Зошто работата нè прави несреќни и што треба да промениме?

Читај повеќе

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Читај повеќе

Викенд хороскоп за секој знак

Читај повеќе

Националниот парк Шар Планина е новиот еко туристички центар

Читај повеќе

Како да ги препознаете првите знаци на чир на желудникот?

Читај повеќе

Лето 2025: Каде ќе поминете најевтин одмор во Грција?

Читај повеќе

Еден вид болка може да биде првиот знак за рак на дебелото црево

Читај повеќе

Што е поважно во врската – сексот или парите?

Читај повеќе