Пет хеликоптери ќе го гаснат пожарот во Пехчевско

Скопје, 4 август 2021 (МИА) – Пет хеликоптери од кои два македонски и три српски се на пат кон Пехчевскиот регион и заедно ќе го гаснат големот пожар што се заканува на околните села, изјави попладнево в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Тој апелира на смиреност и запазување на мерките за безбедност.

-Без паника! Безбедноста на луѓето на прво место! Доколку некој е загрозен од пожарот веднаш нека се оддалечи на безбедно. Нови куќи се прават, нови дрвја ќе пораснат, изгубените животи на луѓето нема да се вратат! Затоа апелираме за запазување на мерките за безбедност. Безбедноста на луѓето на прво место!, се вели во писмената изјава на Ангелов.

Претходно во Пехчево заседаваше Кризниот штаб на кој беа утврдени насоки на делување за справување со пожарот.

Градоначалникот Драган Тренчовски изјави дека Пехчево се преземени мерки и побарана е помош за справување со пожарот.

-Лоша е стуацијата со пожарот, бидејќи се префрли и дојде во  делот над селата Робово и Умлена. Пожарот е  високо на шумските предели над селата, но се шири на голема површина. На терен се екипи на ТППЕ од Берово и Пехчево, како и од Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и ДЗС, а имаме насоки дека ќе добиеме поддршка од воздух, односно треба да пристигнат два хеликоптера. Исто така, имаме насоки дека ќе добиеме помош од соседна Бугарија од каде е испратена екипа со 25 луѓе, информираше Тренчовски.

Трајковски: Нема жртви во пожарот кај Пасјак, потребна ни е секаква помош

Нема жртви по пожарот кој денеска околу 14 часот повторно се распламте во маалото Пасјак во селото Нов Истевник. Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски брифираше дека со единиците на Армијата, Територијалната противпожарна единица, Македонски шуми и други лица  веќе трет ден се борат со огнената стихија, која, како што оцени, е крајно сериозна, загрижувачка и веќе направи голема штета во однос на шумскиот фонд.

-За среќа немаме жртви и тоа ни беше приоритет за да ги евакуираме сите изнемоштени лица кои се наоѓаат во ова село. Ова село е од рурален тип, така што за среќа немаме жртви. Максимални сили вложуваат сите единици, сите луѓе овде коишто се и доброволци од месното население и од градот Делчево и од други институции за да ги заштитиме материјалните добра на жителите од ова село, брифираше Трајковски.

Вкупната бројка на луѓе кои се на терен и со кои тој координира е повеќе од 250. Во утринските часови помогнале и хеликоптерски единици од Армијата, а најавена е помош од Бугарија.

-Во утринските часови имавме помош од воздух со хеликоптер на нашата Армија којшто го гасеше пожарот и очекуваме сега за некои 20-30 минути да стигнат уште два хеликоптери да пружат помош, односно оваа огнена стихија на некој начин да ја ставиме под контрола. Имаме помош од Општина Берово со противпожарни единици, стигнуваат шест противпожарни возила од соседна Република Бугарија, има помош од градоначалникот на Штип Сашко Николов со противпожарни возила. Овде пожарот не е на едно место, можам да кажам пожари на повеќе од 50-ина места во оваа месност и потребна ни е секаква помош и во однос на цистерни и во однос на човечки ресурси, додаде градоначалникот на Делчево.

Изрази уверување дека  хеликоптерите ќе завршат поголема работа бидејќи, како што појасни,  висока е шумата и ќе може на некој начин оваа огнена стихија со катастрофални размери да се стави под контрола.

За еден ден во Ранковце и Крива Паланка опожарени 225 хектари

Во големиот пожар што избувна на 2 август во селото Отошница, Општина Ранковце и пожарите случени истиот ден на подрачјето на Крива Паланка, опожарена е вкупна површина од околу 225 хектари, најголем процент борова шума.

Пожарите беа локализирани истиот ден, ставени под контрола вчера рано изутрина, но пожарот во Ранковце кој беше обемен, синоќа и утринава повторно се активирал.

– Во големиот пожар во Ранковце, кај Отошничка брана, селата Длабочица и П’клиште, кој зафати куќи и домот во Отошница, направена е голема материјална штета. Опожарена е површина од 202 хектари, од кои 15 хектари борова култура. Во овој пожар покрај пожарникарите, се вклучија и 21 лице од вработените во ЈП Македонски шуми. Штета е предизвикана и во останатите пожари во Кривопаланечко, каде се опожарени објекти, но и шума и овошни култури, изјави Ивица Митовски, директор на ПШС “Осогово” при ЈП Македонски шуми.

Во пожарот во kривопаланечките села Дренак и Лисец, кај месноста Момин дол, пожарот се случил околу 14 часот на 2 август, а опожарена е површина од околу 0,15 хектари, на приватен имот.

Во месноста Крива Река и Станечка Река, во село Варовиште опожарени се осум хектари овоштарници, приватни ниви и ливади, а во друг пожар од втори август кај резервоарот на Јавното претпријатие Комуналец, во село Варовиште опожарена е површина од 0,03 хектари.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more
 

Вести

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе