Пет клучни правила како да носите црно од глава до пети

Модна комбинација во црно од глава до пети звучи едноставно, но и тоа стилизирање има правила за да биде крајниот резултат моден погодок.

Девојките и жените во чии плакари преовладува црната боја најдобро знаат дека за да се постигне добитната комбинација треба повеќе од црни парчиња, ако сакате да се истакнете во толпата.

Следете ги овие пет правила што ги позајмивме од кралиците на уличната мода и ќе изгледате исклучително добро во целосно црна комбинација.

Комбинирајте ткаенини и текстури

Црната е шик и елегантна боја, па нема ништо шик и елегантно во комбинација од памучни парчиња. Комбинирајте различни ткаенини и текстури за да постигнете ефект на слоевитост за да не се слеете во една голема црна маса. Денес барем имате голем избор: џинс, кадифе, чипка, (еко) кожа, плетива...

Изберете ткаенини во склад со актуелната сезона

Црната јакна од (еко) кожа секогаш е добар избор, без разлика на сезоната, но внимавајте со дебелината на другите материјали. Во есенските и зимските месеци изберете плетива и кадифе во комбинација со високи чизми и масивни шалови, а во топлите месеци осегнете по свилени и ленени парчиња.

Добар крој

Ова е правило кон кое генерално треба да се придржувате – секогаш носете парчиња со добар крој, соодветен на вашиот облик и големина. Тоа особено важи во монохроматски комбинации каде парчињата може да се слеат едно со друго ако не се потенцира нивниот крој и форма, односно ако не ви прилегаат на фигурата.

Играјте си со модните додатоци

Црниот аутфит може да го „разбиете“ со правилен избор на впечатливи модни додатоци и накит, како на пример лакирани обувки или чанта, масивен ѓердан, необичен модел на чанта, интересни очила за сонце или рамки за очила со диоптер...

Голема улога игра шминката

Комбинацијата од црни парчиња изгледа многу поразлично во зависност од изборот на боја на кармин. Нашминкајте се согласно вашиот вкус (основата се нијансиран тен, добро обликувани веѓи и малку маскара), а потоа изберете впечатлива боја на кармин. За дневен изглед изберете нежни розови нијанси, а за вечерен впечатливо црвени. Темните виолетови нијанси оваа сезона одговараат во секоја прилика.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе