5 промени во исхраната што треба да ги воведете по 30-тата година

А.С.
/ 03.02.2024 / 12:50

Откако ќе наполните 30 години, почнете да правите мали промени во вашата исхрана кои би можеле да направат голема разлика во подоцнежните години.

Стареењето е нормален и неизбежен процес на кој треба да се прифати и прилагоди, а за да останете енергични, здрави и вити во подоцнежните години, многу е важно да направите навремени промени во вашиот живот.

Ова првенствено се однесува на воспоставување контрола врз факторите на животниот стил како што се исхраната, вежбањето, прекумерниот и секојдневниот стрес и сон, кои играат огромна улога во спречувањето на хроничните болести. Колку порано почнете да се грижите за вашето здравје на овој начин, толку подобро.

Што се однесува до исхрааната, откако ќе го прославите вашиот 30-ти роденден, почнете полека да ги правите следните промени.

Јадете повеќе влакна

Соодветниот внес на растителни влакна е многу важен за редовното празнење на дебелото црево и здравјето на варењето, а анализата од 2019 година објавена во медицинското списание Lancet покажа дека зголемената потрошувачка на влакна го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, мозочен удар, дијабетес тип 2 и карцином на дебелото црево.

Оваа студија покажа дека на секои осум грама конзумирани влакна, ризикот од развој на хронични болести се намалува за 5-27 проценти.

Според медицинската платформа Very Well Health, прирачникот „Dietary Guidelines for Americans 2020-2025“ препорачува жените на возраст од 31 до 50 години да јадат 25 грама влакна дневно.

Јадете повеќе омега-3 масни киселини

Омега-3 мастите се поврзани со краткорочни здравствени придобивки како што се подобро расположение, подобрени когнитивни способности, намалени воспаленија, како и долгорочно - помал ризик од кардиоваскуларни болести, поздрав мозок за време на стареењето итн.

Доколку планирате да имате потомство, омега-3 масните киселини се исто така многу важни за развојот на мозокот на бебето, а одлични извори се сардините, лешниците, чиа семето...

Заборавете на диетите

Ако ги поминавте дваесеттите во диети, сега е време да престанете!

Наместо тоа, свртете се кон разновидна и урамнотежена исхрана која ќе вклучува доволно свежо овошје и зеленчук. Неколку студии докажаа дека ова е најдобриот начин да се ослободите од вишокот килограми без јо-јо ефект, а притоа да го одржувате вашето здравје.

Кажете му збогум на алкохолот

Иако е пожелна чаша црвено вино одвреме-навреме, претерувањето со пиење алкохол не му прави никаква корист на вашето здравје ниту на краток, ниту на долг рок.

Веќе споменатиот Dietary Guidelines for Americans 2020-2025 препорачува мажите да консумираат не повеќе од два алкохолни пијалоци дневно, а на жените да им се советува само еден.

Алкохолот обично дава многу „празни“ калории, без хранливи материи и го зголемува ризикот од развој на хронични болести, како што се мозочен и срцев удар, висок крвен притисок, заболувања на црниот дроб, рак...

Внесувајте повеќе калциум

Меѓу состојбите на кои жените се повеќе склони е остеопорозата, болест која се карактеризира со губење на коскената маса, намалена минерална густина на коските и ослабени коски, што ги прави поподложни на фрактури.

Тоа обично се должи на пад на нивото на естроген во менопаузата или поради слаб метаболизам на калциум во доцниот живот. Според некои статистики, по 50-годишна возраст, една од две жени и еден од четири мажи може да доживеат фрактура предизвикана од остеопороза.

Затоа во триесеттите е многу важно да се посветите на зачувување на коските и нивната густина, а за тоа пресуден е доволен внес на калциум. На жените на возраст меѓу 30 и 50 години обично им се препорачува околу 1.000 милиграми калциум дневно.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фит

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more
 

Магазин

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Читај повеќе

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Читај повеќе

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе
  • filter

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Читај повеќе