Хроника

Пет лица лишени од слобода за поседување марихуана

24. јануари 2020 - 11:35 | МИА

Скопје, 24 јануари 2019 (МИА) – На 24.01.2020 во 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“ го лишиле од слобода А.М.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.01.2020 околу 20.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово на улица „112“ во Тетово ги лишиле од слобода Д.А.(24) и Ф.С.(21), двајцата од Кичево, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.01.2020 околу 21.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар на магистралниот пат Тетово – Гостивар, во близина на наплатната станица Гостивар, ги лишиле од слобода Ф.А.(29) од тетовско Непроштено и Н.А.(22) од тетовски Порој. При нивен и преглед на возилото „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коментирај